Веге плескавици од леќа и батат

Ако ви останала леќа од ручекот, следниот ден искористете ја за да направите вегетаријански плескавици. А секогаш останува некоја порција плус...

0
266

Идејата за овие бургери е од блогот Ситно сецкано, но ние направивме некои измени.

Состојки:

2 шољи сварена леќа
1 голем сладок компир, испечен
1 кромид, ситно исечкан
Презли по потреба (за да можете да обликувате плескавици)
1/2 шолја мелени овесни снегулки
1 лажиче изблендирани солени лимони
1 лажиче оригано
1 лажиче кумин
1 лажиче црвен пипер
1 лажиче сол
свежо мелен црн пипер

Приготвување:

Излупете го слаткиот компир и испасирајте го заедно со леќата. Додадете ги другите состојки, убаво измешајте ја смесата, намрсете ги рацете со масло и обликувајте бургери.

Наредете ги во тавче намачкано со масло и ставете ги да се печат во рерна загреана на 175°C околу 20-30 минути со тоа што треба еднаш да ги превртите.

Ние ги јадевме со домашен сос од цвекло.