Верувале или не, ова се торти!

Кога станува збор за колачите и тортите на 23.годишниот Лук Винчентини, ништо не е како што изгледа. Лимонот не е лимон, лименката не е лименка, шолјата кафе не е полја кафе,...

0
440

Лук Винчентини е независен уметник за торти, кој порано работел во славната Carlo’s Bakery во Њу Џерси, а сега самостојно изработува свои торти и колачи кои изгледаат како секојдневни работи, тие се хипер-реални прикази на храна, пијалоци и други производи.

23-годишникот стана вирусна сензација со овие колачи, кои личат на предмети како што се кесичка Доритос, лименка, шолја кафе, кутија со јајца и многу други кои дури кога ќе ги видите пресечени со нож, ќе сфатите дека не се тоа што изгледа дека се и дека внатре кријат слатко изненадување.