Виена ќе се обиде да ги спаси угостителите со ваучери за секое семејство

Во Виена ќе бидат поделени речиси милион ваучери, за секое семејство 50 евра, а ќе важат од утре (петок) кога треба да се отворат рестораните и кафеаните.

0
128

Вкупно 950.000 домаќинства во Виена ќе добијат ваучери со кои ќе им се помогне на рестораните, кои два месеца беа затворени поради пандемијата, објави тамошниот градоначалник Михаел Лудвиг.

Градот ќе му даде по 50 евра на секое повеќечлено семејство, а на самците по 25 евра. Ваучерите ќе важат од утре (15.мај), кога ќе се отворат рестораните. Со ваучерите нема да може да се плати консумирањето на алкохолни пијалаци и се наменети само за храна.

„Се бориме за секој деловен субјект, за секое работно место“, порача градоначалникот.

Десетици илјади лица работат во повеќе од 9.000 ресторани и кафеани во австрискиот главен град и создаваат годишен приход од 1,4 милијарда евра.

Виенската програма на ваучери вредна 40 милиони евра ја следи владината програма за помош на рестораните вредна 500 милиони евра, која вклучува ублажување на даночните давачки.

Фото: Pixabey