„Вистинската храна има подобар вкус“ – Дали е ова најгрдата реклама во 2020. година со најдобра порака? (ВИДЕО)

Бургер Кинг објави видео на кое се гледа како најпопуларниот бургер од овој синџир ресторани, славниот „ Whopper“, се распаѓа и како по 34 дена го покрива мувла.

0
317

Видеото е дел од кампањата со која се истакнува дека во храната од Бургер Кинг нема конзерванси и вештачки состојки. Компанијата соопшти дека ги отстранила конзервансите од тој бургер во повеќето европски пазари.

„Во Бургер Кинг, веруваме дека природната / вистинската храна има подобар вкус. Затоа работиме напорно за да ги отстраниме конзервансите, боите и вкусовите од вештачки извори, од храната што ја служиме во сите земји во светот“, рекол Фернандо Макадо, главен директор за маркетинг на Restaurant Brands International.

Од компанијата исто така порачале дека „Whopper“ без конзерванси ќе се служи во сите американски ресторани до крајот на 2020 година.

Причината за оваа маркетинг кампања можеби лежи во тоа што сѐ од Бургер Кинг има врска со нивниот најголем ривал Мекдоналдс.

Минатата година многумина беа сведоци како е изложен бургерот од Мекдоналдс во еден локал на Исланд. Последниот бургер послужен пред овој синџир на брза храна поради финансискиот крах на Исланд во 2009.година дда затвори дел од своите локали во таа земја.

Она што можеше да се види е дека бургерот не скапа ниту после 10 години.

Фото: Јутјуб