Витамин Д или Д3? Која е разликата помеѓу овие суплементи

Многу луѓе мислат дека витаминот Д е всушност еден вид витамин, но тој е група на витамини кои ја поттикнуваат апсорпцијата на калциум и придонесуваат за зајакнување на коските и мускулатурата, како и за зајакнување на имунитетот.

0
1111

Поради пандемијата на коронавирусот, расте интересот за витамин Д, за кој многумина тврдат дека е многу важен за градење и одржување на имунитетот. Меѓутоа, многу лекари препорачуваат витамин Д3, кој е наводно многу подобар и му помага на организмот да се опорави од дејството на коронавирусот, ги опоравува и ги јакне косата, кожата и ноктите.

Која е разликата помеѓу витамин Д и Д3?

Многу луѓе мислат дека витаминот Д е всушност еден вид витамин, но тој е група на витамини кои ја поттикнуваат апсорпцијата на калциум и придонесуваат за зајакнување на коските и мускулатурата, како и за зајакнување на имунитетот.

Есенцијални витамини во оваа група се витамините Д2 и Д3. Витаминот Д2 се создава од растенија, а витаминот Д3 кога кожата е изложена на сончева светлина, поради што е важно да се поминува време на сонце, секако во нормални услови кога не е премногу силно и во ограничен временски период.

Можете да го надополнувате витаминот Д3 во текот на зимата со конзумирање лосос, јајца и печурки кои богати со овој витамин.
Ако имате проблеми со недостаток на некој од овие витамини, консултирајте се со лекар за да добиете соодветен совет за тоа кои додатоци да ги земате. Според резултатите од истражувањата, витаминот Д3 е далеку поефикасен, па затоа и го има повеќе во понудата.

Во секој случај, најдобро решение е да направите испитувања за да утврдите дали ви недостасуваат некои витамини, а потоа да консумирате соодветна храна или додатоци по препорака на лекар.

Фото: Pixabay