Ви остана малку кисела зелка? Направете браунис колачи

Кога ќе се стопли времето, ако ви останало малку кисела зелка која ви е жал да ја фрлите а некако веќе не ви се јаде кога има толку свежи зеленчуци и убава млада зелка за салата, испробајте го овој рецепт за колачи. Да де, за колачи

0
163

Иако киселата зелка како состојка во колачи не е нешто што им звучи примамливо на луѓето, нема простор за загриженост затоа што токму киселата зелка му го дава на ова колаче она ‘нешто’ – подлабока димензија која не можете да ја дефинирате, а поради која, така барем вели Хрватката Дуња Гулин, кога ќе почнете да го јадете, нема да можете да престанете.

Рецептот е преземен од готвачот на Гулин, Ферментирана Храна (Fermented Foods).

Таа вели дека црното чоколадо доминира со овoј колач, а зелката е само онаа состојка за која, конечно, и не мора да знае никој освен вие. A ако го прочитавте ова, може да се случи сега да не сакате да пробате повеќе ниту еден Браунис.

Еве го и рецептот.

Суви состојки:

130 г/ 1 шолјичка полубело брашно
35 г /¼ шолјичка интегрално брашно

1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка прашок за пециво
30 г/ 1∕3 шолјичка какао

½ лажичка цимет

Малку ванила
85 г /½ шолјичка кисела зелка, добро измиена и ситно исечкана

45 г / ¼ шолјичка црно чоколадо, иситнето

80 г / ½ шолјичка ореви или други јаткасти плодови, исечкани

Калап за печење со димензии 24 x 18 cm, обложен со хартија за печење

Течни состојки:

120 мл / ½ шолјичка млеко од соја или вода
150 г / ½ шолјичка јаворов сируп

50 г / ¼ шолјичка маслиново масло или растопено кокосово масло

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 °C. Во поголем сад измешајте ги сите течни состојки и додадете ја исечканата кисела зелка па добро измешајте. Ставете врз садот густа цедалка па додадете ги во него сувите состојки (освен оревите и чоколадото) и просејте ги во течните состојки.

Добро измешајте да добиете густа смеса. Додадете ги оревите и иситнетото чоколадо.

Префрлете ја смесата во приготвениот сад за печење и печете 25 – 27 минути. Изладете пред да го исечете колачот.

Фото: Pixabey