Ви се јаде нешто благо?

Кога ви се јаде нешто благо, ова е најбрзото решение ако имате тостер за вафли. Ако пак немате, пробајте да ги направите и на обичен тостер.

0
165

Состојки:

2 чаши брашно
1 лажичка сол
1 прашок за пециво
2 лажици шеќер
2 јајца
1 ипол чаша топло млеко
1/3 чаша стопен путер
1 лажичка ванилин екстракт

Приготвување:

Во голем сад измешајте брашно, сол, прашок за пециво и шеќер. Во меѓувреме вклучете го тостерот за вафли.

Во посебен сад изматете ги јајцата. Помешајте ги со млекото, путерот и ванилата. Помешајте ја оваа смеса со мешавината од суви состојки.
Мешајте убаво додека не се добие хомогена смеса.
Со помош на кутлача земете малку тесто, колку да се прелее калапот на тостерот. Печете додека вафлите не добијат златна боја.

Прелијте ги вафлите со прелив по ваш избор. Ние ги преливме со пекмез од кајсии, со прелив од чоколадо, сечкани ореви и малку шлаг.