Вкусен и здрав појадок со кој за еден месец ќе ослабнете 5 килограми

После еден месец консумирање на овој коктел, лесно ќе изгубите 3-5 килограми, а и тенот, косата и ноктите ќе ви станат поздрави и поубави, а стомакот полека се топи.

0
662

Овој појадок го решава проблемот со мрзливи црева и запек, ги согорува масните наслаги и ја нормализира тежината.

После еден месец консумирање на овој коктел, лесно ќе изгубите 3-5 килограми вишок од вашата тежина. Тенот, косата и ноктите стануваат поздрави и поубави, а стомакот полека се топи.

Состојки:

300 мл кефир

2 лажици овесни снегулки

1 лажичка мелено ленено семе

1 лажичка какао во прав

5-7 големи суви сливи

Приготвување:

Појадокот се подготвува навечер за следниот ден.

Прелијте ги сливите со малку зовриена вода (100 мл). Покријте ги и оставете да отстојат 5-10 минути.

За тоа време, ставете ги овесните снегулки, лененото семе и какаото во еден сад. Истурете го кефирот и добро измешајте.

Ситно исечкајте ги сливите и додадете ги во другите состојки.

Добро измешајте и ставете ги во фрижидер. Наутро уживајте во здрав и вкусен појадок за слабеење. Резултатите ќе бидат видливи многу скоро.

Фото: Pixabey