Вкусен крцкав вегански сендвич (ВИДЕО)

0
250

Вкусен растопен крем од индиски ореви, неверојатно песто од авокадо на крцкав вкусен леб. Згответе вегански крцкав сендвич и уживајте во оброкот. Еве што ви е потребно:

Состојки:

190 г dmBio индиски ореви
100 г сладок компир
150 мл dmBio напиток од соја
малку мелена куркума
малку црвен пипер
1,5 чешне лук
10 г dmBio сенф
100 мл dmBio крем за готвење од овес
малку dmBio црн бибер
малку сол
1 врзоп магдонос
40 мл dmBio маслиново масло
4 лажици dmBio сок од лимон
1 авокадо
1 домат
малку свеж спанаќ
2 кришки леб
малку dmBio масло за пржење
по желба: 1 лажица капарис

Подготовка:

1.За кремот, ставете 150 г индиски ореви во многу вода околу 2 часа (или да преноќат).

2. За сосот од авокадо и магдонос потребни ви се исечкани ливчиња од магдонос, 40 г индиски ореви, маслиново масло, ½ чешне лук, како и сок од лимон. Додадете ги во сад и блендирајте со рачен блендер. Излупете го авокадото, извадете ја семката и исечкате го на коцки. Додадете го во смесата и зачинете со сол и бибер.

3. Исечкајте го доматот на тенки парчиња.

4. Двете кришки леб од едната страна намачкајте ги со масло за пржење. На намачканите страни ставете ги во тава во која претходно сте ставиле масло и на среден оган внимателно загревајте ги додека не станат крцкави.

5. Една од кришките намачкајте ја со пестото од авокадо и магдонос на непечената страна. Додадете ги доматите и малку спанаќ.

6. Другата кришка намачкајте ја на неиспечената страна со кремот од индиски ореви.

7. Поклопете ги една со друга, исечете ги на половина и сервирајте ги топли.

8. По желба: Во мал сад со малку жешко масло пропржете капарис 2-3 минути. Внимателно извадете го капарисот од садот, исцедете го со кујнска хартиена крпа и сервирајте го врз сендвичот.

Користени dmBio производи:

dmBio индиски ореви, 150 г
dmBio органски сенф, 200 мл
dmBio крем за готвење од овес, 200 мл
dmBio масло за пржење, 750 мл
dmBio маслиново масло, 750 мл
dmBio куркума, 60 г
dmBio црн бибер, 70 г