Вкусен, посен, лесен

За сите кои постат еве еден одличен рецепт за вкусен десерт

0
287

Состојки:

2 л вода

500-600 г гриз

200 г шеќер

1 ванилин шеќер

200 г кокос

2 лажици какао

По желба: некое овошје или мармалад

Приготвување:

Сварете го гризот во вода со шеќер и ванилин шеќер. Веднаш поделете го на два дела, во едниот додадете кокос, а во другиот какао.

Пригответе калап со пречник 25 цм, па ставете го прво едниот дел од смесата, а потоа и другиот. Ако сакате да ставите и овошје или мармалад, ставете го помеѓу двата слоја и оставете го в фрижидер да се стегне или на 1 час во замрзнувач.

Фото: Pexels