Вкусен чај од црно семе против болки во грлото

Велат дека секој од нас треба во секое време да има дома масло од црно семе кое во дози од 5 до 10 капки се користи во различни варијанти за различни болки и болести. Секако, освен масло од црно семе, корисно е и како семе од кое можете да си направите чај за пиење или пак за инхалација.

0
361

Во продавницата за здрава храна ‘Лара-ви’ во Тафталиџе 1, пред извесно време имаше акција во чии рамки во текот на две недели вработените им делеа по 100 грама црно семе на своите купувачи како поддршка за нивното здравје. Секако, и по некој совет за тоа како сѐ можат да го искористат.

Во многу западноевропски земји направени се повеќе студии и истражувања кои докажуваат дека црното семе е златен рудник на здравје. Денешните сознанија тврдат дека тоа може да излекува и фатални болести, како што се ракот и сидата.

Најпопуларно е маслото од црно семе кое го зајакнува имунолошкиот систем, ја прочистува крвта и го штити телото од сите видови болести. Го поддржува метаболизмот, го подобрува варењето и го намалува нивото на шеќер во крвта. Особено е корисен против бронхитис, кашлица, киселини, тврда столица, болки во грбот, за регулирање на крвниот притисок, за ревматизам, артритис, против првут, сува кожа, паѓање на косата, сите видови алергии и различни проблеми поврзани со кожата.

Дури велат дека секој од нас треба во секое време да има дома масло од црно семе кое во дози од 5 до 10 капки се користи во различни варијанти за различни болки и болести.

Секако, освен масло од црно семе, корисно е и како семе.

На пример, токму во оваа состојба на пандемија и доколку имате болки во грлото или пак сакате да се инхалирате, можете да си направите чај од црно семе. Еве еден одличен рецепт за чај против болки во грлото.

 Состојки:

1 шолја вода

1 лажичка црно семе

1 лажичка мед

2-3 капки екстракт од ванила

Малку млеко

Приготвување:

Една чајна лажичка црно семе истолчете го малку, колку да се разбијат семчињата и да го пуштат маслото, па прелијте со врела вода. Оставете да отстои 8-10 минути, па процедете.

Додадете лажичка мед, 2-3 капки ванила и малку млеко.

Пијте го топло.

Фото: Pixabey