Вкусна крем чорба со куркума и кари

0
137

Кремасто кари, прекрасен басамати ориз, крцкаво зготвени индиски ореви – нашата веганска крем чорба со куркума и кари ќе Ви пружи неверојатно уживање во Вашиот оброк.

Состојки:

400 г басамати ориз
80 мл dmBio масло за пржење
150 г кромид
1 чили пиперче
40 г ѓумбир
2-4 чешниња лук
2 лажици ким
1 лажичка dmBio куркума
2-4 лажички dmBio сол со билки
300 г пиперка
120 г dmBio доматен сос
800 мл dmBio кокосово млеко
малку dmBio сок од лимон
малку dmBio црн бибер
100 г dmBio индиски ореви
20 г коријандер

Подготовка:

  1. Басамати оризот гответе го во голема количина вода околу 15 минути.

2. На коцки исечканиот кромид, чили пиперче, исечениот ѓумбир и иситнетите чешниња лук додадете ги во сад со масло за пржење и динстајте околу 4 минути на среден оган.

3. Додадете го кимот, куркумата, на ленти исечената пиперка, 2 лажички сол со билки и доматен сос во садот и оставете лесно да се пропржи. Потоа додадете го кокосовото млеко.

4. Зачинете со малку сол со билки, сок од лимон и црн бибер.

5. Убаво измешајте и оставете да се готви околу 8 минути.

6. Индиските ореви ставете ги во тава и на среден оган лесно пропржете ги со масло за пржење. На тоа додадете го одозгора свежиот коријандер.

7. Кари сосот и оризот ставете ги во длабока чинија и одозгора сервирајте ги пропржените индиски ореви.

Koристени dmBio производи:

dmBio индиски ореви, 150 г
dmBio сок од лимон, 200 мл
dmBio доматен сос, 200 г
dmBio масло за пржење, 750 мл
dmBio сол со билки,
dmBio кокосово млеко, 400 мл
dmBio куркума, 60 г
dmBio црн бибер, 70 г