Вкусни енергетски вегански бомбици

Замислете супер вкусни десерти што не треба да ги печете, а готови се за само десет минути. Да, да, има и такви. Направете повеќе и ставете ги овие енергетски бомбици во фрижидер па јадете ги наместо појадок или едноставно кога ќе ви се пријаде нешто благо.

0
200

Сирови палео бомбици

Состојки:

100 г урми

100 г бадеми

2 лажички масло од кокос

2 лажички мешавина од чиа семе, лен и сусам

прстофат сол

1/2 лажичка цимет

Кокосово брашно

1 лажичка какао

ванила

Приготвување:

Смелете ги бадемите и семките од тиква ги за да добијат брашнеста текстура. Ставете ги во блендер заедно со урмите и мешајте додека не се соединат состојките. Поделете ја смесата на два дела. Во едниот дел додадете малку трошки од кокос и цимет, а во другиот какао и ванила. Со влажни раце  формирајте бомбици и извалкајте ги во кокос или во какао или во ленено семе или семе од сусам.

Бомбици од манго и кокос

Состојки:

100 г суво манго

100 г кокосово брашно + 3 лажици за валкање

100 г излупени бадеми

75 г суво грозје

50 г сува брусница

1 лажица кокосово масло

Приготвување:

Ставете го мангото во вода и почекајте пет минути да омекне. Направете го истото со сувото грозје и брусница. Мангото, кокосот и бадемите ставете ги во блендер, а потоа мешајте ги во кратки интервали. Додадете ги суво грозје и брусницата и лажица масло од кокос. Промешајте неколку минути додека смесата не се соедини и оставете ја смесата 30 минути, па дури потоа обликувајте ги бомбиците и извалкајте ги во кокос. Да се ​​чува на ладно место.

Бомбици со ф’стаци

Состојки:

140 г несолени ф’стаци

65 г кокос

3 лажици какао во прав

1 лажица екстра девствено кокосово масло

15 исчистени и натопени свежи урми

сечкани ф’стаци за валкање

Приготвување:

Измелете ги ф’стаците и измешајте ги со кокосот смелен до брашнеста структура. Потоа додајте ги останатите состојки и измешајте додека не се добие убава кремава смеса. Смесата ставете ја во замрзнувач на кратко, а потоа обликувајте бомбици и извалкајте ги во сечканите ф’стаци.

Енергетски бомбици

Состојки:

125 г ореви

50 гр овесни снегулки

260 г урми

2 лажици рогач во прав

Прстофат сол

Кокос и чиа семе

Приготвување:

Добро измелете ги оревите, овесните снегулки, урмите и прстофат сол, додека не се формира компактна смеса. Ако е зрнесто, додадете лажица кокосово масло или повеќе урми и измешајте повторно додека не се формира компактна смеса. Формирајте бомбици со рацете. Извалкајте ги во кокос, рогаш во прав и чиа семе.

Фото: Pixabey