Внимавајте какво пилешко месо консумирате

Овој популарен немасен протеин во вашата исхрана може да биде причина за некои неочекувани проблеми.

0
330

Пилешкото е едeн од најсестраните облици на белковини, заради што можете да го најдете во различни рецепти и верзии. Од пилешко на скара до варено пилешко во салата, оваа храна може да биде здрав извор на протеини, но во исто време, со некои додатоци, може да има и несакани ефекти.

Иако подготовката е најважниот дел кога станува збор за здрав оброк, има големи шанси пилешкото да биде „нездраво“ дури и пред да дојде на вашата трпеза.

Според последните истражувања, постојат некои помалку познати последици од редовното консумирање пилешко, за кои можеби не сте биле свесни.

Може да го подигне холестеролот

Една мала студија објавена во списанието American Journal of Clinical Nutrition открила дека белото пилешко месо влијае на „лошиот“ холестерол на ист начин како и црвеното месо. Исто така, може да има директно влијание врз ризикот од срцеви заболувања.

Сепак, се издвојуваат и некои недостатоци на студијата, а тоа е бројот на учесници – 113. Примерокот е премал за конечни заклучоци, затоа е потребно дополнително истражување.

Повеќето пилешки гради во маркетите се полни со бактерии

Околу 97% од пилешките гради тестирани од независната организација Consumer Reports, се полни со бактерии кои, се разбира, можат да имаат негативни последици по здравјето. Ова се однесува на евтиното пилешко во продавниците и трговските ланци, а не на домашното, одгледувано пилешко.

Повеќе од половина од примероците содржеле фекални честички, а околу половина од примероците содржеле барем една бактерија отпорна на три или повеќе вообичаени антибиотици.

Може да поттикне зголемување на телесната тежина

Една студија открила врска помеѓу јадењето месо и телесната тежина и дека вегетаријанците генерално имаат понизок индекс на телесна маса (БМИ) отколку луѓето што јадат месо.

Што се однесува до самото пилешко, многу зависи од начинот на подготовка, така што похуваното или прженото пилешко, како и печеното со пармезан или друго сирење, ќе влијаат на зголемувањето на телесната тежина. Комбинирајте го пилешкото со храна богата со растителни влакна како грав и зеленчук и не мора да се грижите многу за телесната тежина.

Пилешкото полно со антибиотици поврзано со инфекции на уринарниот тракт

Пилешкото од продавниците со специјална варијанта на E. coli влијае на различни инфекции, вклучувајќи ги и оние на уринарниот тракт, покажала студија во списанието American Society for Microbiology. Околу 80% од 2.452 примероци биле позитивни на E. coli, а 72% на урина и човечка крв.

Затоа е важно да се побара пилешко месо кое не е третирано со антибиотици со цел да се осигурате од ризик од некои болести, пишува Eat This.

Фото: Pixabay