Вознемирувачки факти за преработената храна

Истражувањата покажуваат дека добиваме 3/4 од нашите калории преку преработената храна. Меѓу најпопуларните намирници се белиот леб, газираните сокови, пекарските производи, соковите и енергетските пијалоци.

0
256

Сигурни сме дека фактот дека преработената храна е лоша за нашето здравје, воопшто не ве изненади. Секој што бара подобро здравје треба да се сврти кон домашни, природно одгледани намирници.

Еве уште некои вознемирувачки, но и интересни факти за преработената храна!

Преработената храна го поттикнува чувството на глад

Некои состојки во храната нè привлекуваат повеќе од другите. Поради оваа причина, компаниите ги „полнат“ своите производи токму со овие состојки. Прехранбената индустрија се обидува да ги направи своите производи што е можно повкусни за да им се враќаме што е можно почесто. Научниците ја нарекуваат оваа храна „наградна храна“ (reward food).
Доброто чувство предизвикано од „наградната храна“ нè поттикнува да го јадеме повторно и повторно, без оглед колку е штетно за нашето здравје. Овој вид храна, претпоставувате, доведува до дебелина и други здравствени проблеми.

Најмногу калории добиваме преку преработената храна

Истражувањата покажуваат дека добиваме 3/4 од нашите калории преку преработената храна. Меѓу најпопуларните намирници се белиот леб, газираните сокови, пекарските производи, соковите и енергетските пијалоци.

Преработената храна создава чувство на зависност

Дури и птиците на гранка знаат дека брзата храна не е добра за нашето здравје. Знаеме дека чипсот или пицата се штетни, но понекогаш не можеме да си помогнеме затоа што додека јадеме таква храна се чувствуваме добро и среќно. Преработената храна е во состојба да влијае на биохемијата на мозокот и може да доведе до развој на зависност.

Богата е со големи количини на натриум

Натриумот, кој често го има во изобилство во преработената храна, може да биде многу опасен за здравјето. Сигурни сме дека не сте ги пропуштиле предупредувањата на лекарите дека постарите луѓе треба да го намалат внесот на натриум. Натриумот може да биде многу опасен за нашето здравје, и ако се земе предвид фактот дека дури 75% од натриумот што го внесуваме во организмот доаѓа од преработената храна, проблемот е повеќе од јасен.

Свртувањето кон сопствената кујна и здравите намирници е единствен спас од ова.

Процесот на варење трае пократко

Компаниите имаат за цел нивните производи да траат колку што е можно подолго. Поради ова, тие од своите производи исфрлаат разни нутриенти што на крајот резултира со  од нивните производи, што на крајот резултира со прехранбено сиромашни намирници.

По консумирањето на вакви намирници, многу брзо почнуваме да се чувствуваме уморни и гладни. Причината е исто така многу едноставна – на нашиот организам му недостасуваат нутриенти кои би му ја вратиле потрошената енергија.

Фото: Pixabey