Во ова „лате“ нема кафе

Слично е на златното млеко (turmeric latte), со тоа што во овој нов тренди напиток, наместо куркума има сино-зелена алга, која му ја дава таа магична светло-сина нијанса.

0
130

Откако овој разигран, шарен тренд инспириран од еднорозите, завладеа со чиниите и обичната храна како тост и топло чоколадо ги обои во нежни пастелни тонови и се почесто се појавуваше на Инстаграм, дојде време да го испробаме и новиот супер тренди напиток Unicorn Latte со пастелно сина боја, кој всушност и не содржи кафе.

Вкусот е убав, слаткаст, и се чувствува вкусот на ѓумбирот, но ако сте кафеџија, не очекувајте ништо слично на кафе. Во ова „лате“ има кафе исто колку и во многу популарното Златно млеко. Што би значело дека, во ова „лате“ нема кафе. Направено е од кокосово млеко (исто како и turmeric latte/куркума лате) со ѓумбир и мед (исто така вообичаени состојки во куркума лате), плус лимон и сино-зелена алга, која му ја дава таа магична светло сина нијанса. Во суштина разликата е во тоа што наместо куркума ставате алги, претворајќи го златното млеко во сино млеко. Сино-зелените алги сега се многу популарни и велат, нутритивно прилично сличнi на „ветеранската“ спирулина.

Unicorn Latte доаѓа од бистрото за здрава храна The End Brooklyn, во Вилијамсбург, Бруклин. Станува збор за напиток кој е делумно алтернатива за кафе, делумно дел од алтернативната медицина.

Фото: Стефани Христов