Време е за кечап

Додека штурците уште свират, вредните домаќинки почнуваат со подготвување на зимницата. Така и нашата читателка Ана која ни го испрати овој интересен рецепт за домашен кечап кој звучи прилично вкусно

0
119

Состојки:

5 кг домати

15 црвени пиперки

2 лути пиперки

1/2 китка магдонос

1/2 китка целер

4 главици кромид

1 лорберов лист

1 филџан оцет

1 лажиче црн пипер

4 лажици шеќер

3 лажици сол

Плус: 1 лажичка цимет и 2 лажички сенф

Приготвување:

Се вари се заедно, потоа се пасира и се враќа назад на оган па се додава 1 лажичка мелен цимет. Се вари додека не се згусне, а пред самиот крај се додаваат 2 лажички сенф. Се става врело во топли шишиња или тегли и се затвара.

Колку што можевме да рзбереме од фотографијата со рецептот кој е очигледно дел од винтиџ тефтер со рецепти на нашата читателка Ана, овој рецепт е од мајката на некој Тони.

Ех, колку убаво потсетување на старите добри времиња кога домаќинките си разменуваа рецепти со другарки, колешки и сосетки…  Гугл не им е рамен.