Време е за посни сарми

Нашата редовна читателка Ана Радованац викендов ја сефтоса годинешната кисела зелка и завитка посни сармички за неделнот ручек

0
698

Состојки:

1 Кисела зелка
1 чаша ориз
1 праз

1 морков
1 кромид

Половина шолјичка масло
Половина лажиче ким
1 ловоров лист (искршен на парчиња)
Половина лажиче црн пипер
Сол
Оригано по желба

Црвен пипер

Приготвување:

Во поголем сад ставете масло и пропржете ги кромидот и празот.

Додадете го морковот, а потоа и оризот кој претходно ќе го потопите во вода и ќе го исцедите. Динстајте 10тина минути.

Тргнете ја мешавината од рингла и зачините.

Одвојте ги листовите од зелка и почнете да ги виткате сармите.

Прелијте ги со вода, покријте ги со неколку цели листови зелка и печете.

Најдобро е да ги печете во рерна на 150 степени, неколку часа.