Врти-сучи, мафините се наједноставни, најпрактични, нај нај…

Некако се навикнавме да ги употребуваме морковите, не само во секоја манџа и супа, туку и во колачи. Еве вкусна варијанта на мафини со моркови, ама и со крем од сирење, путер и ванила

0
159

Без моркови манџа не бидува, а уште помалку супа, а во последно време тие се се почеста состојка и во десертите. Особено популарни се мафините со моркови, кои во овој рецепт се збогатени и со вкусен крем од рикота или урда, путер, шеќер во прав и екстракт од ванила.

Состојки:

175 г кафеав шеќер
100
г интегрално брашно
100
г бело брашно
1 лажичка сода бикарбона
По вкус, цимет, ѓумбир во прав, мелено каранфилче, рендано морско оревче

рендана кора од 1 портокал
2 јајца
150 мл маслиново, кокосово, стопен путер или обично масло
200 г рендани моркови

За кремот:

100 г путер, омекнат на собна температура
300
г рикота или несолена урда
100 г шеќер во прав

1 лажичка екстракт од ванила

Приготвување:

Во еден сад измешајте ги шеќерот, брашното, сода бикарбона, зачините и кората од портокал. Изматете ги јајцата и маслото заедно, а потоа додадете ги во сувите состојки. На крајот додадете ги и ренданите моркови.

Ставете ја смесата во калапи хартиени чашки за мафини или директно, во калапот за мафини кој треба да се подмачка со масло или со путер.

Печете ги 20-25 минути на 180 степени.

Изматете го путерот и сирењето или урдата за кремот па додадете ги шеќерот во прав и ванилата и повторно изматете.

Ставете од кремот врз мафините и украсете ги со сечкани оревчиња.

Фото: Pexels