Ги чистат токсините, штитат од рак, ја подобруваат плодноста

Прокељот можеби не е омилен зеленчук, но има многу лековити состојки, особено ако се спремате за улога на родител.

0
548

Се смета дека на прокељот, затоа што е жилав зеленчук, му треба долго време за варење, па најчесто луѓето знаат да ги преварат главичките со што тие го губат убавиот вкус и значителна количина хранливи материи.

На прокељот му се доволни 5 минути варење, најдобро на пареа. Токму 5 минути варење на пареа се покажале како оптимално време за главичките прокељ да бидат највкусни – однадвор меки, а однатре крцкави и лесно сварливи. Ако се готват подолго, зелената боја избледува, а почнува да се ослободува непријатен мирис кој влијае и на вкусот.

Овој нискокалоричен зеленчук е вистинско чудо кога станува збор за хранливи материи. Прокељот е одличен извор на витамин А (во облик на бета каротен), Б, Ц, Е и К, а содржи и бројни минерали: калиум, манган, железо, магнезиум, бакар, калциум… Тука се и омега-3 масните киселини, белковините, влакна, триптофан, лутеин, зеаксантин…

Прокељот, како и другите зелјести зеленчуци содржи значајни количини сулфурни материи, како глукозинолати и изотиоцијанати кои ја зголемуваат способноста на црниот дроб да создава ензими кои ги неутрализираат потенцијално отровните материи и штитат од рак.
Заради изобилието на витамини, минерали и омега-3 масни кислеини, прокељот придонесува за здравјето на кожата и сврзувачките ткива па се одлична „храна за убавина“. Се препорачуваат и за добро варење, цврсти коски, силни мускули…

Избегнувајте главички со пожолтени и овенати листови. Ако се свежи, можат да останат во таква состојба и до 10 дена, доколку се чуваат правилно. Ставете ги во пластична кесичка, цврсто затворете ја и истиснете го воздухот. Не ги мијте пред да ги ставите во фрижидерот, туку само непосредно пред употреба. Измијте ги под млаз ладна вода и не ги оставајте да стојат во неа затоа што ги губат хранливите материи.

Се подготвуваат едноставно. Треба да се отсече крајчето, кадешто е стеблото, а главичките ако се поголеми, може да ги исечете. Добро е да ги оставите исечени на половини или на четвртини околу 5-10 минути пред да ги сварите затоа што така се активираат благотворните ензими. За да го поттикнете овој процес можете да ги попрскате со малку сок од лимон.

Резултатите од истражувањата покажаче дека двојките кои сакаат да имаат деца треба да го вклучат прокељот во нивната исхрана.

На прво место, прокељот содржи многу фолна киселина, што може да ја зголеми плодноста кај мажите и кај жените. Овој зеленчук, богат со витамини, може да го зголеми бројот на сперматозоиди и да ѝ обезбеди на матката оптимални услови за опстанок на спермата. Исто така, фолната киселина може да го намали ризикот од спонтан абортус и деформација на фетусот. Прокељот содржи и фитонутриент наречен ди-индолиметан, кој одржува оптимален баланс на естрогенот кај жените.

Фото: Pexels