Готвење со чај

Готвењето со чај не претставува некоја голема уметност, но различни билки и напитоци можат да ги збогатат вашите јадења на начини на кои не можете ни да замислите.

0
291

Иако некои чаеви спаѓаат и во зачините кои веројатно веќе сте ги користеле при готвењето, готвењето со различни видови чаеви станува тренд, особено поради новите вкусови и феноменалниот начин за подобрување на вашите јадења.

Користењето чаеви во кулинарството е одлично за експериментирање и за креативност при готвењето. Постојат три начини на кои можете да употребите чаеви за приготвување на вашите оброци: користејќи мелени суви листови, кесички чај или свежо варен чај (обично наместо вода).

Основни насоки

Имајте на ум каков чај користите. На пример, зелениот и белиот чај имаат поблаг вкус, додека црниот дава многу посилна нота.

Најдобро е да започнете со чај кој ви е познат. На пример, можете да ставите малку свежо или суво нане во гравот за да го подобрите вкусот, но и варењето.

Размислувајте за вкусовите. Гледајте на чаевите како на виното во кулинарството. Без разлика кој чај ќе го изберете, потсетете се каков вкус има. Овошен? Сладок? Пикантен? Горчлив? Потоа размислете дали тој вкус ќе се согласува со вашиот оброк.

Чајот исто така содржи кофеин, па затоа можеби не е идеален додаток за вечерите.

Како и кога?

Се препорачува да се сомелат во прав (во блендер) сувите лисја чај пред да се додадат во јадењата. Во некои случаи, можете да користите и цели листови (да речеме неколку свежи), но ставајте ги на крајот од готвењето или извадете ги од јадењето по некое време. Во повеќето случаи, станува збор за билки кои играат улога и на чаеви и на зачини.

Најлесно е да се почне со додавање на мелени листови чај во печива. Кекси, мафини, колачи и торти, лебови, се повкусни со додаток на мелена лаванда, босилек, нане. Додадете ги во неколку едноставни рецепти кои не содржат многу други зачини и додатоци.

Чаевите се многу благодарни и во маринадите, особено во вистинските комбинации со свежи билки и зачини. Тие убаво се спаруваат со маринади засновани на масло и оцет.

Ако користите чај во кесички, употребувајте ги во чорби и супи. Потопете ја кесичката дури при крајот на готвењето, на 10 минути. Тоа може да биде и кога ќе ја тргнете супата од шпоретот и поклопете го за да можат состојките да се соединат.

Сувите мелени листови можете да ги комбинирате со трошки од леб или да ги поросите по јадењето додека се динста (зелениот чај е многу практичен за ова). Додадете ги листовите од зелен чај во зелен зеленчук кога го готвите. Тоа ќе го збогати вкусот на спанаќот, блитвата,…

Може да готвите ориз со најразлични чаеви. Додека некои додаваат мелени листови чај (јасмин е одличен за оваа намена), други го готват оризот во веќе сварен чај наместо вода.

Поширајте го лососот и друга риба со бели чаеви со цитрусен вкус. Тие се одлични и за поширање овошја како јаболка, сливи, праски,…

Нов путер со вкус ќе добиете ако оставите кесичка чај во растопен путер неколку минути. Користете послатки чаеви за путерите кои ќе ги употребите за правење слатки мафини.

Фото: Pixabey