Готви и снима видео рецепти, и воопшто не му е здодевно

Шеф Бобан Билбиловски во услови на самоизолација поголемиот дел од денот се забавува со своите деца, готви и снима видео рецепти кои се прилагодени за сечиј џеб, не одземаат многу време, а сепак се вкусни.

0
1062

Дел од нашата серија текстови на тема – Дали нашите најпознати шефови готват во овој период на самоизолација, е и Бобан Билбиловски, претседател на светската организација на мастер шефови за Македонија и шеф на кујна во ресторанот Електра Гарден во Брвеница, Тетово.

Во актуелната состојба, а во согласност со препораките на Владата, и овој ресторан, како и сите други, е затворен, па шеф Бобан сега излегува само за да набави она што им е потребно за дома.

„Самоизолацијата строго ја почитувам и излегувам само по потреба, односно, за да се набави тоа што е потребно за дома. Знам дека сите овие мерки се за доброто на сите нас и дека во овие тешки денови сите имаме важна улога во борбата со вирусот, па затоа строго ги почитувам препораките.

Ми недостасува еуфоријата, како и предизвиците со кои секојдневно се соочува секој кој работи како Шеф на кујна, но знам дека убавите моменти со моите колеги во кујната, ќе продолжат и понатаму“, оптимист е шеф Бобан.

А додека е дома, комплетно му е посветен на семејството, на сопругата Маја, која во нормални услови е обично шеф на кујната во нивниот дом, и на седумгодишниот  Никола и тригодишната Клаудиа.

„Во ова време на самоизолација се посветувам на мојот син Никола и ќерката Клаудиа и со нивна помош снимам видео рецепти кои потоа ги споделувам со моите фанови на Фејсбук. Целта ми е да го отргнам вниманието на граѓаните од актуечната состојба со COVID – 19 и да им помогнам со идеи за лесни и вкусни рецепти за сечиј џеб.

Поголемиот дел од денот се забавувам со моите деца кои секој ден ми го прават уникатен. Барајќи заеднички начин да ни биде забавно иако сме постојано дома, решивме да почнеме со некои проекти што можат да се прават онлајн. Бидеќи мојата сопруга веќе неколку години работи од дома како фриленсер, нејзин беше и предлогот за снимање на видео рецепти.

Истовремено и мојот син започна свој Јутјуб канал, а јас конечно имам време да се посветам на снимање на видео рецепти. Знам дека најтешкиот дел во денот е кога не можеме да се одлучиме што да зготвиме за ручек, па сакам со моите видео рецепти да им ја олеснам оваа одлука на сите. Гледам повеќето од видео рецептите да бидат прилагодени за секој џеб, да не одземаат многу време, но сепак да се вкусни.

Досега имам споделено неколку, но има уште многу кои чекаат да бидат споделени или допрва да се направат.

А ако ме прашате како јас ги добивам сите овие идеи за готвење, ќе ви признаам дека всушност ги готвам омилените рецепти на моите деца. Затоа тие се пресреќни кога започнувам со снимање, а уште посреќни се кога ќе завршам.

Во секој случај, мене во овој период не ми е воопшто здодевно, па би сакал да им порачам на сите дека, колку можат самите да си направат седењето дома да им биде забавно ако најдат начин да продолжат да го прават она во што најмногу уживаат. За мене е тоа готвењето и затоа повторно најдов начин да готвам, но и да го споделувам тоа со сите“, вели Билбиловски.

А во меѓувреме, порачува: „ако имате некој свој омилен рецепт и сакате да го подготвам и да го споделам со вас како видео рецепт, слободно исконтактирајте ме преку социјалните мрежи“.

Пица со Ајвар и Сирење

Пица со Ајвар и Сирење, рецепт кој ќе го замени калсичниот рецепт за пица. Лесен за правење и ви се потребни само неколку состојки. Очекувајте лесни, брзи и вкусни рецепти кои нема ниту да ви наштетат на вашиот џеб.Споделувајте со сите и испратете ни слика од вашата пица 😃https://www.youtube.com/watch?v=7LoZZho3DkMCredit: Music: https://www.purple-planet.com

Chef Bilbilovski 发布于 2020年3月15日周日