Готови се за 15 минути! Грицки кои го намалуваат холестеролот и шеќерот во крвта

Семките од тиква го намалуваат нивото на лош холестерол во крвта, но треба да се јадат умерено бидејќи во сто грама семки се кријат околу 450 калории ...

0
780

Семките од тиква се здрави грицки што гарантираат физичко и ментално здравје на поединецот. Можете да ги јадете сами како здрави грицки, за ужинка или да ги додадете во салати, супи и многу други јадења.

1. Го намалуваат шеќерот во крвта
Семките од тиква содржат незаситени масни киселини кои се корисни за регулирање на нивото на шеќер во крвта, па затоа се препорачуваат како корисна храна за луѓето кои страдаат од дијабетес.

2. Чувари на срцето
Истражувањата покажаа дека семките од тиква го намалуваат нивото на лош холестерол, го намалуваат ризикот од згрутчување на крвта и штитат од срцеви заболувања и болести на кардиоваскуларниот систем.

3. Заситуваат и го стимулираат варењето
Сто грама семки од тиква содржат дури 19 грама протеини. Тие се наметнуваат како одлична храна за луѓето кои не јадат храна од животинско потекло, но и за сите оние кои сакаат да грицкаат нешто здраво. Покрај тоа, содржат диетални влакна, кои го стимулираат варењето.

4. Зачувајте го здравјето на коските
Семките од тиква се одличен извор на цинк, потребен за изградба на коските. Само 30 грама од овие семки исполнуваат приближно една петтина од дневните потреби за овој минерал.

5. Антивоспалително дејство
Семките од тиква содржат соединенија кои имаат антиинфламаторно дејство. Затоа се препорачуваат за луѓе кои имаат артритис, но исто така се сметаат за добра превенција против некои видови на рак. Згора на тоа, докажано е дека го подобруваат расположението.

Како да се подготват семки од тиква?

Извадете ги семките од тиквата, измијте ги во вода и исушете ги со крпа. Ставете ги врз хартија за печење, а потоа пикнете ја тепсијата во рерна и оставете ги да се сушат на 120 Целзиусови степени околу 15 до 20 минути.

Фото: Pexels