Го знаете она чувство кога во грлото ќе ви се заглави коска од риба?

Многу луѓе сакаат риби, но избегнуваат да јадат, најмногу поради иритантните коски, кои понекогаш изгледа дека е невозможно да се извадат. Ама ние најдовме одличен трик кој ќе ви помогне доколку се најдете во ваква ситуација

0
318

Многумина не се осмелуваат да јадат риба, особено од оние со повеќе коски, од страв да не проголтаат коска, што секако е непријатно искуство. Но, не грижете се, бидејќи и за тоа има лек. За почеток, рибата не треба да се јаде брзо и лакомо, туку полека и внимателно, по можност со чаша добро вино.

Секој залак треба да се исчисти дури и од најмалата коска. Меѓутоа, ако некоја коска сепак успее да ви ‘избега’ и да ви се заглави во грлото, голтнете корче леб. Речиси сигурно ќе ја „однесе“ коската во желудникот, кадешто желудочните сокови брзо ќе ја растворат.

Но, сепак се случува коската да се заглави, такашто ниту лебот не помага. Во тој екстремен случај, пробајте го трикот со лимон.

Исечете парчиња лимон и полека цицајте го сокот кој минувајќи низ грлото ќе ја раствори коската.

Со среќа!

Фото: Pexels