Гризот е здрава храна за сите возрасти, но и за дијабетичарите

Освен што е вкусен, гризот е и здрав, па е составен дел од исхраната на бебињата и малите деца, но го сакаат и возрасните. Гризот се препорачува и во исхраната за дијабетичарите, особено поради високиот процент на растителни влакна кои помагаат во контролата на шеќерот во крвта после оброк.

0
388

Пченичниот гриз е вистинска мултифункционална храна со исклучителни својства. Таа е природен производ без конзерванси и адитиви, а фактот дека се користи за хранење на децата и бебињата, зборува за тоа колку е корисен.

Тој не само што е вкусен, туку е и многу хранлив и богат со витамини кои се многу важни за правилен раст и развој на детето.

Го сакаат и возрасните и со него навистина можат да се подготват разни нешта, а најпознат е оној стар добар рецепт за домашна алва со оревчиња и суво грозје.

Пченичниот гриз се смета за еден од најбогатите извори на протеини. Тој е исто така богат со есенцијални минерали и витамини, како и со диетални влакна. Исто така, има многу мала содржина на маснотии, прости шеќери и натриум.

Тој е одличен извор на долготрајна енергија, а има и одредена количина на витамини од B групата.

Знаеме дека овие витамини играат многу важна улога во повеќето процеси што се одвиваат во нашето тело. Тие исто така помагаат правилно да се искористат супстанциите од храната што му се потребни на нашето тело, да го регулираат апетитот и да придонесат за општата здравствена состојба. Гризот е исто така многу богат извор на железо, такашто помага како редовен додаток во исхраната во секоја смисла. Една порција гриз дава дури 8% од дневната вредност на железо.

Гризот е исто така богат извор на селен, а нашиот организам го користи селенот во комбинација со други хранливи материи, вклучително и со витамин Е, како антиоксиданс и е многу важен за добро здравје. На тој начин ја спречува штетната оксидација на клеточните мембрани и ДНК и со тоа се спречува појава на разни болести, вклучително и кардиоваскуларни. Селенот во исхраната го зајакнува имунолошкиот систем и со тоа спречува појава на разни инфекции.

Магнезиумот и влакната во гризот можат да помогнат во контролата на нивото на шеќерот во крвта, што е одлична превенција за дијабетес тип 2. Исто така, при анализите за тоа која храна е погодна за исхрана на дијабетичарите, се утврдило дека гризот може да помогне, особено поради високиот процент на растителни влакна кои се значајни бидејќи ја забавуваат апсорпцијата на јаглените хидрати во крвотокот и помагаат во контролата на шеќерот во крвта после оброк.

Тоа што содржи висок процент на влакна, истовремено помага и во дигестијата. Може да помогне во стимулирање на растот на добрите цревни бактерии со што се подобрува варењето, имунитетот и метаболизмот.

Друга причина поради која гризот е добар за исхрана на заболените од дијабетес е  нискиот гликемиски индекс. Исто така, гризот содржи и магнезиум кој пак учествува во поттикнување на контролата на шеќерот во крвта со зголемување на инсулинскиот одговор.

Гризот е извор на протеини, богат е со есенцијални минерали како што се фосфор, магнезиум, калциум и железо, како и со витамини А, Б, Е, Д и К9 и диетални влакна, додека содржината на маснотии е мала.

Тој е многу богат извор на одредени витамини, пред се тиамин и фолна киселина. Исто така, содржи ниацин и пантотенска киселина, магнезиум, фосфор, калиум, манган, цинк и бакар.

Бидејќи воопшто нема транс масти, холестерол и масти, добро е за здравјето кога се консумира во умерени количини.

Се разбира, гризот не смеат да го користат лица кои се алергични на глутен.

Фото: Pixabey