Дали ги миете јајцата пред варење

Прашање за кое малкумина размислуваат, а експертите велат дека е многу важно.

0
290

Сите знаеме дека високите температури ги уништуваат бактериите и вирусите, поради што повеќето од нас не ни размислуваат за миење на одредени намирници пред да ги зготвиме.

Експертите велат дека не треба да се мие целата храна пред термичка обработка. На пример, не е потребно да се мијат месото и рибата, бидејќи на тој начин, преку капките вода патогените бактерии ги разнесуваме низ кујната.

Дури и минијатурно прскање вода на работната маса е доволно за да се размножат Листерија и Салмонела.

Но, што е со јајцата? Дали треба да се мијат?

„Контаминираните лушпи можат да предизвикаат салмонела. Таа живее во цревата и изметот на живината и останува на лушпата. Салмонелата е многу издржлива – не умира ниту во сувиот измет ниту на ниски температури”, велат експертите од рускиот сојуз на потрошувачи Росконтрол.

Купечките јајца од кокошка мора да изгледаат чисто, тоа е условот за квалитет што фабриките мора да го исполнат. Лушпата мора да биде чиста, без дамки од крв, измет и оштетувања. Но, она што малкумина го знаат е дека јајцата не се мијат пред пакувањето. И, ако се мијат, тогаш има белешка на пакувањето – дека се обработени. Зошто е ова важно?

„Во пракса, јајцата најчесто не се мијат на живинарските фарми. Употребата на детергенти речиси го преполовува дозволениот рок на траење на производот”, објаснуваат од Росконтрол. Излегува дека измиените јајца може да се чуваат не повеќе од 12 дена. Кога не се „третираат“, тие можат да се чуваат во фрижидер до 90 дена.

Затоа миењето јајца донесени од продавницата не е добра идеја – на овој начин ќе го измиете заштитниот филм од површината на лушпата и ќе им го скратите животот. Но, пред да ги употребите, секогаш измијте ги, и покрај фактот што изложеноста на високи температури ги убива речиси сите вируси. Дури и ковид-19. Веројатноста за зараза од корона вирусот преку храна е исклучително мала. Бидејќи јајцата се готват, шансите за контаминација не постојат. Истите мерки на претпазливост треба да се применат на пакувањето како и за сите други предмети донесени од улица или од јавни места, вклучително и од продавниците.

Ако допрете нешто, добро измијте ги рацете. Но, постои ризик од салмонела, па затоа е подобро да не се користат јајца кои се оштетени, а ако не се, измијте ја темелно нивната лушпа. Кога подготвувате тврдо варени јајца, гарантирано е уништување на салмонелата.

Покрај тоа, експертите од „Росконтрол“ потсетуваат дека постои опасност од сировите јајца ако се во близина или се во контакт со друга храна во фрижидерот. Затоа, јајцата, дури и во пакување, мора да се стават одделно од храната што не планирате термички да ја обработувате, како што се зеленчук и овошје. Исто така, масата на која стоеле сировите јајца треба темелно да се избрише.

Фото: Pexels