Дали ги чувате брашното и сувото овошје во фрижидер?

Веројатно не сте знаеле дека треба да ги чувате овие намирници во фрижидер...брашно, ленено семе, тортилји,...

0
199

Некои намирници се расипуваат побрзо ако ги чуваме во кујнските плакари на собна температура, додека на други значително им се продолжува рокот на траење доколку ги чуваме во фрижидер. Еве кои намирници треба да ги ставите во фрижидер (и во замрзнувач).

Брашно

Иако обично го чуваме во оставата, по купувањето брашното треба да се чува во замрзнувач 48 часа, со цел да се уништат сите евентуални ларви и делови од инсекти во него. После тоа, треба да го ставите брашното во чиста, сува и херметички затворена кутија на темно и ладно место. Чувањето на кутијата во фрижидер ќе го продолжи рокот на траење на брашното.

Некои видови на масло

Маслата за јадење треба да се чуваат на ладни и темни места, односно подалеку од извори на топлина и светлина. Ништо нема да се случи ако ги чувате класичните растителни масла од сончоглед или маслиново во оставата, но сите „чувствителни“ масла чувајте ги во фрижидер. Такви се на пример, оние од авокадо, од семки од грозје, лешници, сусам или тартуфи. Пожелно е да ги ставите истите масла во фрижидер по отворањето, бидејќи тоа ќе го продолжи нивниот рок на траење.

Суво овошје

Истражувањата покажаа дека сувото овошје како суво грозје или сливи има рок на траење од шест месеци до една година. Рокот на траење ќе се зголеми двојно повеќе ако ги чувате во фрижидер.

Семе од лен и од коноп

Семето од лен и од коноп е одличен растителен извор на омега-3 масни киселини, кои се наоѓаат на менито на луѓето кои не консумираат храна од животинско потекло. Но бидејќи станува збор за намирници кои брзо се расипуваат, треба да ги чувате во фрижидер.

Тортилји

Купените тортилји можете да ги чувате на собна температура и да ги користите до датумот наведен на пакувањето. Сепак, тоа време е тројно зголемено ако ги чувате во фрижидер.

Фото: Unsplash