Дали е навистина неопходно да се откажеме од лебот?

Научниците докажале дека отпорниот скроб, кој се наоѓа во храната богата со јаглени хидрати, како што се бананите, оризот, тестото и компирите, го намалува апетитот, го зајакнува метаболизмот, го подобрува расположението, го намалува стресот и го забрзува слабеењето.

0
316

Од прилог со јадењето, сендвичи до десерти, лебот е основа на исхраната во западното општество, но во последно време се смета дека е штетен за здравјето. Ова е поткрепено со фактот дека продажбата на леб се намалила за околу 40 проценти во последните 30 години, открива италијанска студија.

Производство на хормони на среќа

Во повеќето случаи, луѓето не купуваат леб затоа што мислат дека можеби имаат некаква форма на целијакија или лошо поднесуваат намирници што содржат глутен. Го обвинуваат за цела низа симптоми, од замор, болки во стомакот, надуеност и главоболки. Но, мозокот е истовремено зависен од лебот затоа што после него се чувствуваме сити, задоволни и полни со енергија.

Научниците го објаснуваат ова со тоа што јаглехидратите од лебот го стимулираат производството на т.н. хормон на среќа – серотонин, а најголемата потреба за серотонин се јавува околу 16 часот. Тогаш се препорачува да се јаде нешто со леб за да се врати енергијата.

Висок гликемиски индекс

Луѓето најчесто купуваат бел леб затоа што го сметаат за најдобар. Заедно со него е популарен и пченкарниот, како и оној со семки.

Најголемиот проблем со белиот леб е тоа што премногу брзо ослободува енергија поради неговиот висок гликемиски индекс, па затоа го зголемува нивото на шеќер во крвта. Ова може да придонесе за развој на дијабетес тип 2, па дури и да го забрза развојот на малигни заболувања.
Сепак, оние кои немаат случаи на дијабетес во своето семејство, не треба да избегнуваат бел леб, кој е идеален за јадење за појадок, затоа што тогаш го забрзува метаболизмот, велат научниците.

Лебот од цели зрна не е најдобриот избор за секого, па така некои научници тврдат дека тој ги влошува симптомите на синдромот на иритирано црево.

Диетите на Аткинсон и Дукан, како и голем број други диети го ограничуваат внесот на јаглени хидрати со тврдење дека тие предизвикуваат зголемување на шеќерот во крвта, спречувајќи го телото да согорува маснотии. Така се пропагира идејата дека лебот е нездрав, дека дебелее, па дури и дека е штетен за организмот. Сепак, сè уште е намирница од која луѓето најтешко се откажуваат.
Но, јаглехидратите всушност можат да помогнат при слабеење, тврдат научниците. Тие докажале дека отпорниот скроб, кој се наоѓа во храната богата со јаглени хидрати, како што се банани, ориз, тесто и компири, го намалува апетитот, го зајакнува метаболизмот, го подобрува расположението, го намалува стресот и го забрзува слабеењето.

Виновни се влакната, а не пченицата?

Целијакија се дијагностицира со помош на анализа на крвта, како и со биопсија на примерок од цревата. Проблемот е во тоа што многу луѓе се прогласуваат самите себеси за болни и избегнуваат глутен. Бидејќи во намирниците без глутен се додаваат влакна, таквите луѓе поради ваквата исхрана може да имаат повеќе проблеми со варењето отколку претходно.

„Во многу случаи е тешко да се утврди дали некому му пречат растителните влакна или глутенот во пченицата, вели Сара Слит, претседателка на британското здружение за целијакија.

Иако замрзнувањето е едноставна процедура за одржување на свежината на лебот, ова може да биде причина за надуеност и гасови. Со замрзнувањето се разбива пченичната структура на лебот, па тој станува тежок за варење. Затоа, подобро е да не го замрзнувате, туку стариот леб да го претворите во презли или да го испржите со јајца, и да си купите нов.

Фото: Pixabay