Дали знаете зошто е толку чудесно жолтото ноќниче?

Природно решение за многу проблеми, жолтото ноќниче, особено во форма на масло, но и во капсули и како чај, најчесто се користи за женски проблеми, како што е нередовен менструален циклус или други проблеми поврзани со него, но има добри ефекти и кај дијабетичарите, за остеопороза, артритис, за кожни болести!

0
196

Некои природни лекови имаат толку многу здравствени придобивки за организмот, што се чинат како лек за сѐ. Затоа и не е изненадувачки што се користат со децении за лекување на многу болести, а особено во ајурведата како најстар медицински систем. Еден од нив е и убавата жолта примула (ноќниче или evening primrose) која некои ја пијат за плодност, други за средување на менструалниот циклус и хормоните, но и за намалување на притисокот, во форма на масло како ефикасен додаток кај дијабетичарите кои повремено имаат тешкотии со произведување на гама линоленската киселина, а познато е и дека има корисен ефект врз системските болести кои се карактеризираат со хронично воспаление, како што се атопичен дерматитис и ревматоиден артритис.

Се смета за чувар на женското здравје, контролор на хормоните и борец против болестите на кожата.

Најчесто се користи како масло кое е екстракт од истоименото растение со убави цветови со боја на сонцето. Иако долги години се користело како дел од исхраната, денес благодетите од жолтото ноќниче се преточени во суплементи кои дејствуваат, пред сѐ, во корист на женското здравје.
Што е магично во ова масло?
Семките на жолтото ноќниче се богати со есенцијална киселина наречена гама – линоленова киселина (GLA), уште позната како омега 6. Оваа киселина е многу важна за одржување на структувата на клетките и нивно правилно функционирање. Телото ја трансформира GLA во простагландини – хормони потребни за извршување на важни функции.
Според многу истражувања, маслото од жолто ноќниче е еден од главните извори на GLA.
Некои од најглавните функции на GLA се следниве:
– Го забавува згрутчувањето на крвта
– Помага кај воспаленија
– Помага при автоимуни заболувања
– Кај менопауза, болести на кожата и ПМС
Првенствено, со маслото од жолто ноќниче се третираат разни заболувања на кожата, но жените го користат и за намалување на симптомите на менопаузата и болките за време на циклусот.
Истражувањата покажуваат дека кај болки во градите, симптоми на менопауза, ПМС и слични состојби, е намалено нивото на GLA во организмот. Со помош на маслото од жолто ноќниче се враќа балансот во организмот за негово непречено работење.
Тоа е и одличен лек за бронхитис, настинка, мигрена, несоница, хронична исцрпеност, ревматоиден артритис, оштетување на нервите кај заболени од дијабетес, срцеви заболувања, висок холестерол, хиперактивност кај децата,…

Ова е растение кое доаѓа од американскиот континент, но се одгледува и кај нас. Она што е специфично за него се светло жолтите цветови по кои го добил своето име. Вториот дел од името, ноќниче доаѓа оттаму што неговите цветови се отвораат само кога ќе се стемни и се затвораат со првите сончеви зраци.

Фотографијата е од ТУКА.