Дали кафето е добро за вас?

Да! Но, тоа зависи од видот на кафето и од количината.

0
306

Поминавме долг пат од некогашното „кафе“ на нашите баби и дедовци, до нашето лате со млеко од овес, ладни напитоци и Фрапучина. Некои од нас сè уште се многу утилитарни во однос на пијалокот, додека други прават сложени обреди. Еден од најпопуларните пијалоци во земјава, кафето, е длабоко навлезено во нашата култура. Само вистинската количина може да го подобри нашето расположение; премногу може да нè натера да се чувствуваме вознемирени и нервозни.

Дали кафето е добро за мене?

Да.

Во умерени количини, кафето се чини дека е добро за повеќето луѓе – тоа се 3 до 5 чаши на ден, или до 400 милиграми кофеин.

„Доказите се прилично конзистентни дека кафето е поврзано со помал ризик од смртност“, вели Ерика Лофтфилд, истражувачки соработник во Националниот институт за рак која го проучувала пијалокот.

Со години се верувало дека кафето е можеби карциногено, но Упатството за исхрана за 2015 година помогнало да се промени перцепцијата. За првпат, умереното пиење кафе било вклучено како дел од здравата исхрана. Кога истражувачите контролирале фактори на живот, како што многу пушачи на кафе, исто така пушеле, податоците се од корист на кафето.

Голем преглед од 2017 година за потрошувачката на кафе и здравјето на луѓето во британскиот медицински журнал исто така открил дека поголемиот дел од времето, кафето има повеќе придобивки, отколку штети. Авторите забележале дека оние кои умерено пијат кафе имаат помалку кардиоваскуларни заболувања и можност за предвремена смрт од сите причини, вклучително и срцев и мозочен удар, од оние што го прескокнувале кафето.

Покрај тоа, експертите велат дека некои од најсилните заштитни ефекти на кафето се однесуваат на заболувањата од типот на дијабетес тип 2, Паркинсонова болест и состојби на црниот дроб, како што е цироза, карцином на црниот дроб и хронично заболување на црниот дроб. На пример, да се консумираат околу пет шолји кафе на ден, наместо ниту една, е во корелација со 30 проценти намален ризик од дијабетес тип 2, според мета-анализата на 30 студии.

Потенцијалната корист од кафето може да биде од полифенолите, кои се растителни соединенија кои имаат антиоксидантни својства, тврди д-р Џузепе Гросо, доцент за човечка исхрана на Универзитетот од Катанија во Италија и водечки автор на Годишниот Преглед на исхраната.

Сепак, кафето не е за секого. Постои загриженост околу прекумерната консумација. Ова особено важи за бремените жени, бидејќи безбедноста на кофеинот за време на бременоста е нејасна. Додека истражувањата за влијанието на кафето врз здравјето се во тек, најголемиот дел од работата на ова поле е набљудувањето.

„Не знаеме со сигурност дали кафето е причина за здравствените придобивки“, рекол Џонатан Фелоуфилд, професор на Универзитетот во Единбург и коавтор на британскиот медицински журнал. „Овие наоди може да бидат резултат на други фактори или однесување кај оние кои пијат кафе“.

Дали е важен начинот на подготвување на кафето?

Да. Дали претпочитате повеќе или помалку печено? Грубо мелено или фино мелено? Арабика или робуста?

„Сите овие различни аспекти влијаат на вкусот, но влијаат и на соединенијата во кафињата“, вели Нил Фредман, постар истражувач во Националниот институт за рак. „Но, воопшто не е јасно како овие различни нивоа на соединенијата можат да бидат поврзани со здравјето“.

Печењето, на пример, ја намалува количината на хлорогени киселини, но се формираат други антиоксидантни соединенија. Еспресото има најголема концентрација на многу соединенија затоа што има помалку вода отколку филтер кафето.

Една студија во JAMA Internal Medicine ги испитала навиките за кафе кај речиси 500.000 луѓе во Велика Британија и открила дека не е важно дали пиеле една шолја или осум – регуларни или безкофеински – или дали тие биле брзи метаболизатори на кафе или бавни. Тие биле поврзани со помал ризик од смрт од сите причини, освен инстант кафето, за кое доказите биле послаби.

Начинот на кој ја подготвувате вашата шолја може да влијае на нивото на холестерол.

„Едно кафе, за кое знаеме дека не е погодно за пиење, е зовриеното кафе“, вели Мерилин Ц. Корнелис, доцент за превентивна медицина на Северозападниот универзитет Фајнберг, на Медицинскиот факултет и коавтор на студијата за JAMA Internal Medicine.

Пример за ова, меѓудругите, е и турското кафе.

Маслото во вареното кафе има кафестол и кахвеол, соединенија наречени дитерпени. Се покажало дека го зголемуваат ЛДЛ, лошиот холестерол и малку го снижуваат ХДЛ, добриот холестерол.

„Ако го филтрирате кафето, тогаш тоа воопшто не е проблем“, вели Роб ван Дам, професор на Школата за јавно здравје „Saw Swee Hock“ на Националниот универзитет во Сингапур. „За луѓето кои имаат проблеми со холестерол, подобро е да се префрлат на други видови кафе“. Тој го проучувал кафето веќе две децении.

Сепак, други истражувачи велат дека сè уште не треба да го исфрлите вареното кафе. Клиничкото значење на толку мало зголемување на холестеролот може да биде сомнително, со оглед на тоа што не е поврзано со зголемувањето на смртните случаи поради кардиоваскуларни заболувања.

Дали сите видови на кафе имаат иста количина на кофеин?

Не. Еспресото има најголема концентрација на кофеин, но се конзумира во помали количини. За некои од нас, знаењето колку кофеин има во нашето кафе може да биде особено важно. Веројатно сте забележале порано. Како некој може да пие еспресо навечер и да спие потоа, додека вие не може да заспиете  до зори. Некои од нас имаат полиморфизам, генетска варијанта која го забавува нашиот метаболизам за кофеин.

Дали кафето предизвикува зависност?

Доказите сугерираат дека толеранцијата се гради со тек на времето. Симптомите на повлекување вклучуваат главоболка, замор, раздразливост, тешкотии во концентрирањето и депресивно расположение.

Навистина, кофеинот е психоактивен лек, а кафето е неговиот најголем извор. Околу половина час по пиењето, кофеинот настапува и брзо се апсорбира. Крвниот притисок се зголемува. Умерена количина кофеин може да ве разбуди, да го засили расположението, енергијата, будноста, концентрацијата, па дури и физичките перформанси. Во просек, потребни се четири до шест часа за да се метаболизира половина од кофеинот.

Повисоките дози можат да доведат до интоксикација со кофеин, тремор, нервоза и неправилно чукање на срцето.

„Мислам дека кофеинот е толку вообичаен и толку вкоренет во нашата култура и секојдневните навики, така што ние често не размислуваме за него како потенцијален извор на проблеми“, вели Мери М. Свини, асистент професор по психијатрија и науки на Медицинскиот факултет на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Намалувањето со кафето може да помогне и со гастроезофагеален рефлукс.

Според Американскиот колеџ за акушери и гинеколози. тековните достапни истражувања не утврдиле колкава количина на кофеин може безбедно да се конзумира за време на бременоста. Кофеинот ја преминува плацентата, така што некои лекари препорачуваат бремените жени да не пијат повеќе од 200 милиграми кафе дневно.

Екстремно високите дози на кофеин можат да бидат фатални. Но, истражувачите велат дека постои поголема веројатност да се случи ова со кофеин во прав или апчиња. „Не гледате многу луѓе да одат во собата за итни случаи, бидејќи случајно се напиле премногу кафе“, рекол д-р Ван Дам.

Покрај кофеинот, кафето е пијалок со илјада хемиски соединенија кои би можеле да имаат потенцијални терапевтски ефекти врз организмот. Една клучна компонента, хлорогена киселина, е полифенол кој се наоѓа во многу овошје и зеленчук. Кафето е исто така добар извор на витамин Б3, магнезиум и калиум.

Иако има 124 видови на кафе, повеќето вкусови остануваат неискористени; и можеби ќе биде така засекогаш. Она што ги исполнува нашите чаши во кафулињата, во канцеларијата и на патувањата се од два вида: арабика и робуста. Арабиката чини повеќе од робуста, и се дел од инстант кафињата и некои видови еспресо.

Дали додавањето на млеко или шеќер ги нивелира придобивките?

Лекарите не знаат. Една студија од 2015 година открила дека оние што додаваат шеќер, крем или млеко имаат иста поврзана корист како оние што го претпочитаат црното кафе.

„Луѓето треба да се грижат многу за тоа што ставаат во кафето и што става во него индустријата за храна и пијалоци“, вели Лора Шмит, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско. „И засладеното кафе е една од работите со кои што индустријата за пијалаци ја притиска јавноста сега кога потрошувачите се оддалечија од газираните пијалоци од здравствени причини“.

Дали треба да започнам да пијам повеќе кафе?

Зависи од вашите цели во животот.

Ако уживате во пијалокот во умерени количини, лекарите велат да продолжите понатаму да уживате во овие голтки.

Фото: Pixabey