Дали свежиот спанаќ е корисен или штетен?

Кај луѓето со предиспозиции за појава на камења во бубрег, не е препорачливо консумирањето свеж спанаќ, поради присуството на оксална киселина. Ако сепак не можат да му одолеат, се препорачува да изберат т.н. бејби спанаќ.

0
1112

Луѓето кои имаат предиспозиција за појава на камења во бубрег, не треба да консумираат свеж спанаќ, но добра вест е дека нема проблем да се консумира кога малку ќе се зготви.

Формирањето на камења во бубрезите, најчесто се должи на aкумулирањето на посебни хемикалии, вклучително и оксална киселина, која може да се најде во спанаќот, леќата, кафето, чајот, индиските ореви, чоколадото, бадемите и друг лиснат зеленчук.

Ако сепак сакате да јадете свеж спанаќ, тогаш се препорачува да изберете помлади лисја, т.н. бејби спанаќ. Младите лисја содржат помали количини оксална киселина. Сепак, колку и да зборуваме за некои од штетните ефекти на спанаќот, неговите придобивки се сè уште поголеми.

Тој е одличен извор на витамини К, А, Б12, Б2, магнезиум, фолна киселина, железо, цинк, селен, омега-3 масни киселини и др. Друга предност на спанаќот е што содржи супстанции кои се многу важни за здравјето на срцето.

Исто така е многу корисен кај стомачните заболувања.

Заштитува од рак на дебелото црево, деформации на клетките и мутации на ДНК. Тој е многу ефикасен кај артритис, остеопороза, мигрена и астма.

Содржи лутеин – каротеноид, кој штити од катаракта и други заболувања на очите. Спанаќот заслужува да биде на нашето мени, особено ако сакаме да се храниме здраво.

Фото: Pixabey