Дали сирупот од агава е навистина здрава алтернатива за шеќерот?

Сирупот од агава, кој има низок гликемиски индекс, се смета за здрава алтернатива на шеќерот, но новите научни наоди и овој засладувач го прогласија за лош, дури и полош од шеќерот.

0
113

Една од ретките работи за кои се согласуваат научниците е дека шеќерот е штетен. Заради ова многу луѓе се обидуваат да го заменат со некоја поздрава алтернатива. За една од тие слатки здрави алтернативи се смета сирупот од агава, кој има низок гликемиски индекс, но новите научни наоди и овој засладувач го прогласија за лош, дури и полош од шеќерот.
Оваа билка потекнува од јужните САД и Латинска Америка. Иако агавата е нов феномен на Запад, се користи во Мексико стотици и можеби илјадници години. Се користи за производство на сируп, како и за производство на текила, и се верува дека има лековити својства. Како и многу растенија, агавата веројатно има некои здравствени придобивки, сепак, овие корисни својства се уништуваат со преработката, а тоа важи и за сирупот од агава.

Иако е погоден е за луѓе кои избегнуваат шеќер бидејќи има низок гликемиски индекс – 17, што значи дека се апсорбира полека во крвта и не предизвикува брз скок на шеќерот во крвта, новите сознанија го лоцираат проблемот во неговото индустриско производство кое е далеку од процесот што традиционално го користеле староседелците на Централна Америка.

Сирупот се добива од корените на растението агава богати со скроб. Во процесот на производство на сируп, овој скроб со ензимска обработка и разни хемикалии се претвора во рафинирана фруктоза. Причината е што сирупот од агава содржи голем дел од непожелната фруктоза, во количина што ја наоѓаме во омразениот пченкарен сируп (HFCS – high fructose corn syrup).

Овошјето се смета за здраво и содржи фруктоза, па зошто е фруктозата како засладувач лоша?

За многумина, фруктозата се чини дека е добро решение, особено за дијабетичарите, бидејќи тоа е шеќер од овошје. Може да се најде и како засладувачки препарат во форма на бел прав. Неколку студии покажале дека внесувањето на фруктоза може да го наруши метаболизмот на мастите и да доведе до вишок тежина. Прекумерната тежина предизвикува голем број метаболички болести, вклучувајќи дијабетес тип 2.

„Иако се потребни повеќе студии за продлабочување на нашето знаење за метаболичките ефекти на фруктозата, нејзиното прекумерно внесување преку индустриски преработена храна е поврзано со дебелина и инсулинска резистенција.

Тука треба да се нагласи дека фруктозата присутна во овошјето не се смета за спорна.Овошјето содржи релативно мали количини на фруктоза, кои организмот многу добро ги поднесува, покрај тоа, фруктозата во овошјето е поврзана со прехранбени влакна и полека се апсорбира. Проблемот се чини дека е предизвикан од прекумерна потрошувачка на фруктоза во вид на шеќер, особено пченкарен сируп богат со фруктоза, а според новите размислувања, исто така, и сируп од агава.
Како алтернатива на сирупот од агава, може да се користи „добар, стар мед“. Факт е дека медот исто така обезбедува одредена количина фруктоза, но во многу помала мера. Покрај тоа, медот ќе ни обезбеди органски киселини, аминокиселини, минерали (железо, бакар, манган, силициум, хлор, калиум, натриум, магнезиум), одредена количина витамини Ц и Б и полифеноли и ароматични материи.

Генерално, на медот му се припишува антимикробна, антивирусна и антибактериска активност, што е научно добро документирано и заради што можеме да го сметаме за традиционална лековита храна“, објаснува хрватската нутриционистка Сандра Крстев Бараќ.

Фото: Pexels