Дали сте ги виделе или пробале уникатните јапонски овошни сендвичи?

Овошните сендвичи во Јапонија се многу популарни, не само заради вкусот, туку и заради нивната фотогеничност.

0
119

Сендвичите обично се подготвуваат со ставање зеленчук, месо и многу други состојки помеѓу две парчиња леб. Тие се добро познати низ целиот свет, но дали знаевте дека во Јапонија се развиле на сосема уникатен начин?

Меѓу видовите сендвичи кои потекнуваат од Јапонија, овошните сендвичи се многу популарни кај младите затоа што се исполнети со сочни плодови и исто така изгледаат убаво.

Историја на сендвичите во Јапонија

Луѓето почнале да јадат сендвичи во Јапонија кон крајот на 1800-тите. Дотогаш, Јапонија се затворала од надворешниот свет и имала силни ограничувања на трговијата и дипломатијата со странските земји. Сепак, Јапонија ги отворила своите граници во 1854. година поради политичките промени, и тоа донело до активна размена со западот. Преку ова мешање на луѓе, западната култура на храна влегла во Јапонија, и така луѓето во Јапонија дознале за сендвичите.

Нивната популарност во Јапонија се зголемила кога продавница за храна во западен стил од префектурата Канагава го продала првиот јапонски сендвич Екибен на станицата Офуна во 1892. Екибен значи Бенто (ручек во кутија) што се јаде кога возите за време на патувањето. Одличниот вкус и новина на сендвичите ги направи инстант хит. Во денешно време, сендвичите им се познати на сите, и на млади и на стари, како редовна ставка во рестораните и кафулињата.

Прекрасните овошни сендвичи се жешка тема

Овошните сендвичи се еден вид сендвичи кои еволуирале на уникатен начин во Јапонија. Овие сендвичи се прават со ставање свежо овошје и изматена павлака помеѓу две парчиња леб. Се смета дека овошните сендвичи потекнуваат од кафуле во Кјото или од долгогодишна продавница за овошни закуски, иако има и други теории.

Овошните сендвичи во моментов се хит кај младите во Јапонија. Постојат три тајни зад нивната популарност: тие се лесни за јадење, здрави и убави.

Овошните сендвичи имаат сладок, привлечен вкус и можете да ги држите во едната рака додека ги јадете, без да ви треба чинија или вилушка како кога јадете торта. Ова ги прави лесни за уживање во форма на десерт или како лесен оброк. Исто така, тие содржат многу овошје, такашто стекнале популарност како храна лесна за јадење што нуди многу витамини и други хранливи материи.

За овие овошни сендвичи се користи голем избор на овошје на многу различни начини. Некои сендвичи се направени од еден вид овошје, додека други имаат разновиден спектар на вкусови со многу различни овошја.

Постојат различни видови леб што се користат во овие сендвичи. Освен обичен исечен леб, во некои сендвичи се користи леб со суво грозје или кроасани. Исто така, наместо павлака, некои варијанти на сендвич вклучуваат крем од маскарпоне или јогурт. Постојат многу оригинални сендвичи со овошје, и секој од нив е полн со креативност. Уште повеќе, сендвичите изгледаат како прекрасни уметнички дела кога се сечат, бидејќи се полни со плодови со многу различни нијанси.

Овие шарени и слатки овошни сендвичи се фотогенични, па затоа гледате многу слики од нив објавени на Инстаграм. По овој наплив на популарност, во последниве години има сè повеќе продавници за сендвичи со овошје. Можете да ги купите и од многу други продавници, вклучително и продавници за закуски кои продаваат овошје, кафулиња, супермаркети и мини маркети.

Сендвичи кои овозможуваат да уживате во уникатно јапонско полнење

Освен овошните, постојат многу други уникатни јапонски сендвичи. Некои ви овозможуваат да уживате во полнења што може да ги најдете само во Јапонија, а Јапонците ги сакаат особено затоа што им нудат препознатливи вкусови.

„Анко сендвичите“ содржат Анко, традиционална јапонска храна направена со варење на азуки грав со шеќер за да се добие слатка паста. Овие сендвичи можете да ги јадете како десерт, бидејќи се слатки како Вагаши, или традиционални јапонски слатки. Можете да ги направите уште послатки со користење шлаг, путер, овошје или други состојки заедно со Анко.

Тука се и сендвичите со дебели јапонски ролувани омлети. Многу луѓе во Јапонија се забавуваат уживајќи во оброците кои се состојат од сендвичи со креативни полнења.

Текстот и фотографијата се од ТУКА.