Дали сте за сино, или за зелено?… Вино?!

Се разбира, кога станува збор за вино, најчесто паметот ни лета накај Кавадарци. И производителот на ова сино вино, како и на другата варијанта,зелената, е кавадарчанецот Влатко Тасев.

0
72
Иако за синото и зеленото вино слушнавме уште пред неколку години, досега немавме можност да го пробаме. Ама ете, конечно ни дојдоа гости од Словенија и ни го донесоа на ‘тацна’.
Така си е, требаше да дојдат луѓево од Словенија за да ни го донесат виното од Кавадарци и ние конечно да го пробаме.
Иако очекувавме да ја ‘почувствуваме’ бојата во виното, се излажавме. Виното имаше вкус на бело сортно вино без некоја необична арома.
Производител на ова вино е професорот Влатко Тасев од Кавадарци кој тогаш објасни дека го направил од одбрани зрна од најдоброто тиквешко грозје и дека е целосно органско и ги содржи сите вински карактеристики, особено оние кои важат за белите сортни вина.

Практично се работи за промена на пигментот кој е составен од природни материјали. Виното е такво какво што е, и не го менува ниту мирисот, ниту вкусот. Главно е мешавина од бели сорти, но има и еден мал дел на црно грозје во составот за да ја добие својата убава боја.