Дали сте изеле некој производ откако сте го исчистиле од мувла?

Треба да се биде многу внимателен при консумирањето на храна на која се појавила мувла затоа што одделни видови произведуваат опасни микотоксини. Меѓу нив, најпознат е афлатоксинот кој научниците го поврзуваат со појавата на карцином. Од друга страна, познато е дека одредени видови на мувла се безопасни за здравјето па намирниците можеме да ги изедеме ако го отстраниме мувлосаниот дел.

0
992

Дали некогаш сте дошле во искушение да изедете некоја намирница која се мувлосала на врвот откако ќе го извадите оној дел кој ја сменил бојата? Еве што мислат стручњаците за тоа…

Најпрвин треба да се има на ум дека разнобојните површини на мувлосаната храна – како зеленкастите крупни точки на лебот или кафените површини на старото овошје – се спори видливи со голо око. Остатокот од мувлата, неговите „гранки“ и корени, е тешко да се видат затоа што се главно подлабоко во храната. Значи, отстранувањето на делот кој ја сменил бојата нема да ве поштеди од внесувањето на габите во организмот.

„Поголемиот број видови на мувла се безопасни но има и опасни видови“, вели Надин Шо, специјалист од американскиот Департман за агрикултура.

Некои видови содржат микотоксини, отровни супстанции кои предизвикуваат алергиски реакции и респираторни проблеми. Особено е опасен афлатоксинот за кој е утврдено дека предизвикува рак.

Микотоксини можат да се најдат пред сѐ во мувлата која расте на житарките и јаткастото овошје, но се појавува и во сокот од грозје, целерот, јаболката… Најмногу го има во пченката и во посевите на кикирики, наведуваат во американската Администрација за храна и лекови.

За да ја спречите појавата на мувла, Шо советува да ја прекриете храната за да не доаѓа во контакт со спорите од воздухот, правилно да ја чувате во фрижидер и остатоците од храната да ги искористите најдоцна до третиот, четвртиот ден откако е направена.

Во секој случај, мувлата на храната е знак дека таа не е безбедна за консумирање, иако постојат исклучоци на кои може да им се прогледа низ прсти.

Треба да се биде многу внимателен при консумирањето на храна на која се појавила мувла затоа што одделни видови произведуваат опасни микотоксини. Меѓу опасните микотоксини најпознат е афлатоксинот кој научниците го поврзуваат со појавата на карцином.

Од друга страна, познато е дека одредени видови на мувла се безопасни за здравјето па намирниците можеме да ги изедеме ако го отстраниме мувлосаниот дел.

Сувомеснати производи

Овие производи имаат долг рок на траење па не е чудо што со време знае да се создаде тенок слој мувла. Доколку не е истечен рокот на траење, отстранете го тој дел на кој се создала мувла.

Тврди кашкавали

Како и сувомеснатите производи, така и потврдите кашкавали знаат да развијат мувла на површината ако стојат подолго време, но тоа не значи дека се расипале. Постапката е иста, отсечете барем сантиметар од кашкавалот на страната кадешто се создала мувла и можете без грижа да го консумирате.

Овошје и зеленчук

Мувлосаната праска мора да се фрли, затоа што има мека кора и габите веројатно ја зафатиле внатрешноста на плодот. Но затоа пак оние потврди плодови како морковите или пиперките не се опасни за консумација па само треба да се отстрани делот на кој се појавила мувла.

Намирници кои не смеат да јадат кога ќе ги фати мувла

Како и во случајот со мекото овошје и зеленчук, намирниците како што се лебот, пекмезот, свежо сирење или јогурт не се безбедни за консумација ако на нив се појавила мувла па мора да ги фрлите.

Фото: Pixabey