Дали сте пробале нешто вакво?

Рецепт за колач со маслиново масло. Да, да, маслиновото масло не се става само во салати

0
232

Екстра девственото маслиново масло може да се користи во кујната на различни начини – од додавање во салати до ставање во колачи. Кога се додава на слатки јадења, тоа им дава препознатлив вкус, но и неверојатна сочност.

Состојки:

200 мл екстра девствено маслиново масло
260 г брашно
150 г шеќер
40 г пченкарно брашно
3 јајца
3 лажици свежо исцеден сок од лимон
3 лажици лимончело (ликер од лимон), по желба
2 лажички екстракт од ванила
1 прашок за пециво
1 лажица рендана кора од лимон
прстофат сол

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Измешајте ги сувите состојки во еден сад, а во друг измешајте ги сокот од лимон, ликерот и екстрактот од ванила.

Со миксер изматете ги јајцата со шеќерот и кората од лимон во густа смеса. Постепено истурајте маслиново масло во смесата и мешајте додека смесата не стане уште погуста. Потоа полека додадете ги сувите состојки и смесата со сок од лимон и мешајте додека состојките не се соединат.

Подмачкајте го садот за печење со дополнително маслиново масло, а по желба може да додадете малку шеќер на дното на плехот. Префрлете ја смесата во калапот за печење и ставете ја во рерна да се пече 40 до 50 минути.

Оставете колачот да се излади целосно пред да го послужите.

Фото: Pexels