Дали сте јаделе шпагети со шеќер? А со презли, со семки, со…?

Знаете ли некој што не сака тестенини? Нам ни се омилени овие, со презли и со семки, а кога бевме деца и немавме уплав од нездравиот шеќер, ги јадевме и во таква, слатка варијанта. И не беа шпагети туку јуфки, ама... како и да е...

0
81

Знаете она кога не ви се готви ништо, па ќе кажете: ‘Денес ќе јадеме шпагети’, а домашните се радуваат повеќе отколку да им кажете дека 2-3 часа ќе правите турлитава за ручек?

Епа така е кога сите сакаат тестенини во сите варијанти. Секогаш имате брз ручек, а никогаш не мора да се исти, напротив, се прават во стотици варијанти.

Овие, интегралните прелиени со пропжени презли и потпечени семки од сончоглед и тиква, се вистински деликатес. Секако, можете да им додадете исечкано свежо младо кромитче и да ги прелиете со сос од домати, а можете да ги јадете и без сос, зависи каков ви е денот.

Тоа што ќе остане пак, можете да го изедете за вечера, како слатка варијанта, со шеќер како порано или со мед, како поздраво.