Дали ѓумбирот, доматите и други намирници треба да се чуваат во фрижидер?

Проблемот настанува кога е фрижидерот преполн, особено ако во него чувате поголеми количини овошје и зеленчук. Наш совет е да го исчистите садот за овошје и зеленчук и некои намирници да ги чувате на собна температура.

0
404

Ставањето свежи намирници во фрижидер е навика, затоа што сите мислиме дека тие таму ќе останат свежи подолго, но тоа е прилично погрешен принцип. Проблемот настанува кога е фрижидерот преполн, особено ако во него чувате поголеми количини овошје и зеленчук. Наш совет е да го исчистите садот за овошје и зеленчук и некои намирници да ги чувате на собна температура.

За разлика од лимоните, кои ќе ги сочуваат сите сокови подобро ако се во фрижидер, некои производи ќе имаат многу подобар вкус ако се чуваат на собна температура. Студените температури можат на некои намирници да им ја сменат текстурата и вкусот, а ова се намирниците кои никогаш не би требало да ги чувате во фрижидер.

Зимска тиква. Тиквите никогаш не треба да се ставаат во фрижидер, што затоа што заземаат многу простор, но и затоа што престојот во фрижидер драстично ќе им го смени вкусот.

Тиквата треба да се чува на темно место и да внимавате да нема околу неа други намирници, бидејќи побрзо скапуваат ако е во контакт со друг зеленчук.

Црвен кромид. Експертите велат дека црвениот кромид треба да се чува на малку поладно место во кујната, но не во фрижидерот и што  подалеку од прозорците. Кромидот може без проблем да стои на вашата работна маса една недела, само повремено менувајте му го местото.

Компири. Студената температура во фрижидерот предизвикува промена на бојата и промена на вкусот во овие намирници. Компирите треба да се чуваат подалеку од сончева светлина. Ставете ги во корпа во поладен и потемен дел од кујната.

Ѓумбир. Многу луѓе ќе ве советуваат да го чувате ѓумбирот во фрижидер, но ова не е добра опција бидејќи брзо се суши на студено и сите влакна излегуваат надвор. Дури и ѓумбирот што сте го начнале се чува на работна маса во кујната, само проверете дали не биде свртен директно кон сончевата светлина. Од друга страна, ѓумбирот на кој сте му ја излупиле кората, завиткајте го во кујнска крпа и чувајте го во фрижидер.

Лук. Може да го чувате и на вашата работна маса, единственото нешто што му се случува во тој случај е тоа што може да изникне, но никулците секако не се штетни. Ако го чувате во фрижидер може да стане погорчлив.

Свежи зачински билки. Рузмаринот е единствениот исклучок од ова правило, но во принцип, свежите зачински билки како што е босилекот ќе останат свежи многу подолго ако се чуваат на сончево место покрај прозорецот, и кога стебленцата се потопени во вода, исто како и цвеќињата.

Банани. Можеби веќе го знаете ова, но бананите од фрижидер  едноставно не се добра опција. Во овој случај, кората многу брзо ќе добие црна боја и ќе се собере како последица од ниските температури кои едноставно не им одговараат.

Постои уште една намирница околу која се водат дебати за тоа дали треба или не треба да се чува во фрижидер, а тоа е, претпоставувате, доматот. Некои тврдат дека треба да се чува во садови на собна температура, додека други сметаат дека ќе остане подолго свеж во фрижидер. Некои велат дека по некое време доматите во фрижидерот ја губат сладоста и вкусот. Она што ние предлагаме е да ги испробате и двата типа на чување и сами да процените што е подобро.