Дали ја знаете разликата помеѓу пинса и пица?

Во 2020 година тоа многумина ќе го дознаат, велат експертите за гастрономија, предвидувајќи дека во новата година пинсерии ќе никнуваат како печурки по дожд.

0
717

Пинсите во никој случај не се нов изум. Најмалку еден век стара, пинсата била омилена во Рим, а името му го должи на глаголот што означува развлекување на тестото.

Покрај својата овална форма, пинсата се одликува со лесна текстура на тестото, која има помалку јаглени хидрати и маснотии. Таа е направена од мешавина од пченица, соја и ориз, такашто не го оптоварува стомакот, а оние што ја пробале велат дека тестото е лесно како облак.

Ова се постигнува со употреба на ладна вода и ладно брашно, како и со бавното стасување на тестото за 20 до 120 часа, но најчесто за 48. Покрај тоа, тестото треба да се меси полека за да не се загрее. Добрите пинси однатре мора да бидат сочни, а однадвор крцкави.

Исто како и пицата, пинсата ја правеле сиромашните земјоделци. Тие користеле вода и мешани житарки: јачмен, овес, просо и ориз. Откако го замесувале тестото во овална форма, па додавале едноставни состојки како ароматични билки и сол. Тогаш, биле подготвени да се печат на врел јаглен.

Рецепт за традиционална пинса ќе најдете ТУКА.

Фотографијата е од ТУКА