Дански Øllebrød, или по нашки – каша или попара

Случајно го најдов овој рецепт за данската каша со ’ржан леб и пиво па се сетив на појадокот од дедо ми Стефан: леб, чај од камилица, малку црвено вино и малку шеќер, доколку е виното покиселко. Не беше лоша.

0
352

Данците имаат навика да јадат каша направена од стар леб со пиво. Имено, данските монаси порано ставале леб во врело пиво. Се претпоставува дека вака настанал денешниот традиционален и познат Øllebrød – каша од ’ржан леб со пиво.

Исто така, до 1800. година, ‘ржаниот леб, лососот, пивото, свинското месо и компирите беа основната храна што ја консумираат Данците. Данските семејства порано готвеле Øllebrød од стариот леб во големи садови, а кашата се јадела наутро и попладне, и честопати како гарнир за главното јадење. Денеска најмногу се јаде за појадок.

Препорачуваме да земете што потемен ‘ржан леб со што повеќе ’ржано брашно и семки, затоа што така вкусот ќе биде поинтензивен, а со тоа и кашата повкусна. Што се однесува до темното пиво, ако не ви се допаѓа, можете или целосно да го замените со вода / млеко или да додадете само малку.

Не го прескокнувајте чоколадото.

Состојки:

200 г црн ’ржан леб

150 мл темно пиво

500 мл вода

2-3 урми

2 лажици мед

50 г темно чоколадо

Кисела павлака/слатка павлака или млеко за послужување

Цимет

Приготвување:

Лебот исечете го на помали парчиња па додадете ги пивото, водата и цимет по вкус. Ставете го да зоврие и варете околу 10 минути на тивок оган додека не добиете каша.

Додадете мед, урми, темно чоколадо и измешајте сè заедно во кремава смеса.

Послужете топло со кисела или слатка павлака или со ладно млеко и поросете сè со цимет во прав.

Фотографијата и рецептот се од ТУКА.