Да им помогнеме на оние што не можат да си дозволат: Плати две, земи едно!

Одлична идеја. Се надеваме дека некој од нашите кафулиња и ресторани ќе проба да ја реализира. Секако, со наша и ваша помош! Нарачајте и платете две кафиња, испијте едно, истото направете го и со сендвичот, бурекот, парче пица,...

0
217

Оваа идеја беше објавено на профилот на една ФБ група (Spotted In Yorkshire) и е навистина одлична идеја која предлагаме да биде широко прифатена и реализирана и кај нас. Еве за што станува збор:

– Имаше мало кафуле, каде пристигнуваат две лица и се приближуваат до шанкот.
„Пет кафиња ве молам. Две за нас и три нека чекаат (hanging coffee)“. Платија, ги зедоа своите двe кафиња и заминаа.
Го прашав келнерот. „Што е ова со кафињата?
„Чекај и ќе видиш.“
Влегоа уште некои луѓе.
Две девојки побараа кафе за секоја, платија и си заминаа.
Следната нарачка беше за седум кафиња и беше направена од три жени – „три за нив и четири ‘висечки’ кафиња“.
Останав да се прашувам … што е значењето на овие кафиња, тие си заминаа.

Наеднаш, дојде еден човек облечен во изветвена облека, кој изгледаше како да е бездомник, застана на шанкот и праша.
„Имате ли некое вишок кафе?
„Да, господине, имаме“
Му послужија кафе …. Јас го добив мојот одговор.

Луѓето плаќаат однапред за кафе што ќе му се послужи на секој што не може да си дозволи топол пијалок.
Оваа традиција започнала во Неапол. Неверојатно, но потоа се раширила и низ други градови и држави во светот.

Исто така, освен кафиња, можете да платите и сендвич или некој евтин целосен оброк.

Споделете ја оваа прекрасна идеја со сите. Споделете ако сакате да помогнете и за  промовирање на идејата.

Зарем не би било одлично ако сите можеме да започнеме да го правиме ова во државите, градовите и селата кадешто живееме?

Дали знаете за некое место кадешто се прави нешто слично? Да ги промовираме.

Пред две години, гостиварската пицерија „Дипломат“ на својот фејсбук профил објави: „Ние денеска одлучивме на сите деца без родители и сите што имаат потреба од храна, да дојдат кај нас слободно на оброк. Ќе ни биде огромна чест и задоволство. Со почит. Пицерија Дипломат“.

Не знаеме дали оваа нивна акција се уште трае, но поентата беше да ја прифатат и останатите. Сепак, особено во оваа состојба на пандемија со коронавирусот, оваа идеја, чиј товар паѓа само на локалот (во случајот, пицеријата „Дипломат“), не изгледа многу остварлива. Нели ви се чини како многу подобра идејата погоре?

Сите можеме да им помогнеме на оние кои не можат да си дозволат обичен сендвич и кафе или чај.

Фото: Pexels