Детоксикациска супа од брокула и ѓумбир

Ако прележавте ковид 19 или едноставно сакате да го опоравите и да го зајакнете вашето тело, пробајте ја оваа вкусна супа за детоксикација!

0
214

Доколку постојано се чувствувате изморено и немате енергија за ништо, обидете се со оваа вкусна супа која лесно и брзо се подготвува, а брзо се јаде.

Состојки:

3 главици брокула
1/2 исечкан кромид
1 лажица маслиново масло
1/2 лажиче каранфилчиња
1 лажичка рендан ѓумбир
2 сечкани чешниња лук
сок од 1/2 лимон
2 чаши вода
сол
црн пипер

Приготвување:

  1. Динстајте ги кромидот и лукот на масло додека не добијат златна боја.

2. Додадете ја исечканата брокула, каранфилчиња и ѓумбир.

4. Динстајте сè околу 4 минути со постојано мешање.

5. Додадете вода, покријте и варете 10 минути.

6. Тргнете го тенџерето од оган и оставете малку да се излади. Истурете го вишокот вода во друг сад.

7. Потоа додадете сол, црн пипер и сок од лимон и мешајте користејќи миксер и додавајте од водата во која се варел зеленчукот додека не ја добиете саканата густина.

8. Зовријте ја супата уште еднаш и послужете.

Фото: Pexels