Децата на Џејми Оливер одат по стапките на тато: Го објавија своето прво кулинарско видео

Џејми Оливер докажа дека кулинарскиот талент е наследен. Тој објави снимка од своите деца на кое се гледа како тие прават сладолед за целото семејство.

0
494

44-годишниот британски готвач со сопругата Џулс има пет деца, а своите вештини сега ги демонстрирале 11-годишниот Петал и деветгодишниот Бади. Покажаа како да направат сладолед од само две состојки за една минута. Станува збор за замрзнат јогурт подготвен од две банани, лимета и три големи лажици јогурт.

Најпрво ги излупија бананите, а потоа ги исекоа на парчиња дебели три сантиметри. Ја преполовија лиметата и ја исцедија врз бананите, кои потоа ги ставија во пластична кеса и во замрзнувачот на околу осум часа.

Откако ги извадија бананите од замрзнувачот, ги ставаме во блендер и се мешаат до густа смеса, а потоа додадоа три лажици јогурт и повторно добро измешаа. Замрзнатиот јогурт го послужија во корнети.

Видеото е прегледано над 1,6 милиони пати.

https://www.instagram.com/tv/B_61f3QAlat/?utm_source=ig_web_copy_link

Фото: Инстаграм