Домати и јагоди во зима? Не ви препорачуваме

На што треба да мислиме кога купуваме производи? Најважно е да ги купувате само оние на кои им е сезона, а тоа значи дека свежите домати и јагоди во зима нема да ги имаат оние здравствени придобивки за кои знаеме дека инаку ги имаат. Напротив, можат да бидат дури и штетни

0
326

Кога купувате намирници секогаш треба да ја имате на ум сезоната во која нашите омилени овошја и зеленчуци се најдобри. Никој не сака бледи домати без вкус или огромни, сјајни, но невкусни јагоди. Тие имаат повеќе штетни материи отколку витамини и минерали. Затоа, ако сакаме да јадеме здрава храна, треба да го користиме она што ни го дава природата во различни сезони.

Значи, најдобро е во пролет да јадете краставици, магдонос (зелје), зелена салата, ротквица, млад кромид, рукола, спанаќ, јагоди, цреши,… Во лето, боранија, брокула, тиквички, рогач, лисја од цвекло, модар патлиџан, млад компир, пиперки, домати, малини и рибизли, лубеници, праски, кајсии,…Во есен главна ѕвезда е тиквата која уште се нарекува и кралица на есента. Исто така, во ова време е важно да се јадат печурки, костени, брусница, дуња, грозје,…

Во овој период од годината мора да се грижиме за нашиот имунитет, обезбедувајќи му на организмот производи богати со витамин Ц. Меѓу другото, ќе го најдеме во агрумите, кои, иако не се одгледуваат во нашата земја, може да се купат во која било продавница. Никогаш не ги заборавајте и јаткастите плодови, кои исто така се ризница на витамини и минерали.

Секоја сезона има своја посебна „колекција“ од овошје и зеленчук, но има овошје и зеленчук што може да се јаде во текот на целата година. На пример, круши, јаболка, цвекло, кромид, лук, грав, зелка, моркови, праз, корен од магдонос, целер и печурки. Исто така, во зима обично го јадеме и она што сме го подготвиле или сме го купиле спакувано во ‘зимница’, во форма на ферментиран и конзервиран или замрзнат зеленчук.

Зошто е важно да се обрне внимание на сезоната? Имено, овошјето и зеленчукот содржат најголемо количество хранливи материи и се најкорисни за нашето здравје токму во периодот кога се берат. Ова е главната причина зошто мораме да се прилагодиме на ритамот на природата и да го земеме она што таа го подготвила за нас.

Меѓутоа, сезоната на зеленчукот и овошјето е аспект што не го земаме секогаш предвид при изборот на намирниците. На крајот на краиштата, во супермаркетите, зеленчукот и овошјето, се наоѓа во текот на целата година и секогаш ни е на располагање. Големите трговски ланци помалку размислуваат за квалитетот на производот, а повеќе обрнуваат внимание на тоа да понудат широк избор и максимална погодност при купувањето: во кое било време од годината, кој било ден од неделата и кое било време од денот. Ние редовно јадеме прекрасен зеленчук и овошје од супермаркет, па подлегнуваме на илузијата дека водиме здрав начин на живот.

Дали зеленчукот и овошјето се секогаш корисни?
Сакаме да ги полниме количките со овошје и зеленчук, а забораваме дека тие се корисни само во сезоната. Освен тоа, овошјето надвор од сезоната може дури и да му наштети на телото. Иако постојано слушаме дека овошјето и зеленчукот, особено сирови, се извор на многу витамини, тоа не е баш секогаш така.

Сезонските плодови кои зреат според природниот циклус и се собираат кога се на својот врв, се најпрепорачливи заради здравствените придобивки кои во тој период можат да му ги дадат.

Но, модерната земјоделска технологија, побарувачката на купувачите кои постојано бараат и трговците постојано нудат широк спектар на производи надвор од сезоната. Тоа, не е само што не е корисно (одгледаните плодови надвор од нивната природна сезона не ја акумулираат потребната количина на витамини), туку може да биде и штетно. Додатоците кои го стимулираат растот и раното созревање, нитратните ѓубрива, пестицидите, сето тоа е штетно за нашето здравје.

Таквиот зеленчук и овошје пред јадење мора внимателно да се измијат за да се намалат штетните ефекти. Се препорачува да се потопат во ладна вода (или во слаб раствор на оцет и вода) и да се отстрани кожата. Но, дури и во овој случај, нивните придобивки за телото ќе бидат минимални.

Заборавете на свежи домати, краставици и јагоди среде зима и фатете се за каците.

Фото: Pixabay