Домашен леб за почетници: Измешај навечер, испечи сабајле

За да го направите овој леб ви треба брашно, ладна вода, малку сол и половина лажичка сув квасец. Да, само половина лажичка на целиот леб. И не треба месење

0
301

За овој леб можете да  помешате брашна по ваш избор, а ние направивме комбинација од три вида: спелтино брашно, ‘ржано брашно и бело брашно.

Ако сакате семе, тогаш додадете само 90 гр семе по ваш избор на оваа количина. Ние ставивме половина количина чиа семе и половина црно семе. Можете исто така да ја поросите и површината на лебот со семиња пред печење.

Самата изработка е прилично едноставна. Вечерта претходно измешајте ги сите состојки, наутро префрлете ги во сад за печење, оставете малку да се одморат и испечете го лебот. И тоа е сè!

Состојки:

700 г брашно по избор (спелтино, ‘ржано, интегрално, бело брашно…), а можете да го направите и само од еден тип на брашно
510 мл вода
1/2 лажиче сув квасец
1 лажичка сол

По избор, додадете и 90 г чиа или црно семе

Ви треба и малку путер за подмачкување на тепсијата и уште малку брашно за да ја поросите пред да ја ставите смесата за лебот внатре.

Приготвување:

Ставете ги сите состојки во поголем сад и измешајте ги убаво за да не ви останат суви делови.
Покријте го садот со фолија и оставете го преку ноќ на собна температура (најмалку 8-10 часа)
Тестото ќе биде полно со меурчиња и ќе се крене.
Премачкајте ја тепсијата која ќе треба да има и капак со тенок слој путер или попрскајте ја со масло и поросете ја со брашно.
Истурете го тестото во тепсија и оставете го уште малку да постои на некое топло место. Покријте ја тепсијата.
Ставете ја во ладна рерна што сте ја вклучиле на 220 степени.
Печете 55-60 минути, а последните 10 минути извадете го капакот за да добие лебот крцкава кора.
Откако ќе се испече, извадете го лебот од тепсијата и оставете го да се излади.