Домашен сок од багрем: Полн со витамин Ц, лековит и со неповторлив вкус! 

Сокот од багрем ги зачувува сите хранливи и лековити својства на оваа билка.

0
247

Сезоната на багрем започна и додека ова прекрасно и миризливо дрво цвета, имате идеална можност да пробате одличен и здрав пијалок со неповторлив вкус каков што може да има само багремот.

Миризливите цвеќиња лачат многу нектар, а вкусни се и како сок, чај, во салати или похувани. Тие содржат многу витамин Ц, есенцијални масла, смоли, флавоноиден глигозид, акацин.

Иако багремот може да се направи сируп на ист начин како и од бозелот, ви предлагаме да пробате свеж сок од багрем во кој се зачувани сите хранливи и лековити својства на ова растение.

Постапка: Цветовите од багрем прво се берат додека сè уште се отвораат, бидејќи тогаш се најбогати со здрави состојки. Набраните гроздови редете ги во стаклени тегли додека не се наполнат.

Водата зовријте ја и оставете ја да се излади, а потоа наполнете ги теглите со вода, додадете сок од по еден лимон, покријте и оставете да отстои 24 часа. После тоа, исцедете го сокот и додадете мед доволно само за да го направите сокот малку посладок, бидејќи пред да се послужи се разредува со вода во сооднос 1: 1.

Од секоја тегла ќе добиете околу половина литар чист сок, што значи дека кога ќе  измешате со вода добивате 1 литар сок по тегла. Сокот треба да се пие веднаш, а пред употреба, чувајте го во фрижидер максимум неколку недели.