Домашна ‘рустика’ со мирис и вкус на путер

Да, знаеме дека сите дома си месите леб, дури и вие што мислевте дека никогаш нема... Има навистина безброј варијанти. Веројатно ќе имаме време да испробаме многу од нив

0
162

Состојки:

500 г брашно (е овојпат лебот го направивме со најобично бело брашно)

околу 300 мл млака вода

пола коцка свеж квасец

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

3 лажици стопен путер + уште малку за премачкување

сусам за поросување

Приготвување:

Најубаво е да го ставите квасецот да стасува, па да си го направите кафето.

Замесете тесто од брашното, надојдениот квасец во кој се става лажичка шеќер, солта и 3 лажици стопен путер. Додавајте вода по потреба, а доколку тестото ви лепи, додадете и брашно. Треба да добиете мазно тесто што ќе можете да го обликувате како топка. Покријте го со крпа и ставете го да стасува околу 1 час, а вие пијте кафе, работете, појадувајте или што веќе треба да правите.

Кога тестото ќе нарасне, премесете го и обликувајте го, засечете го во облик на крст и оставете го да нарасне уште некое време, премачкајте го со путерот, поросете го со сусам и ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени.

Обично е готов за 30 минути, но зависи од јачината на рерната, па добро е да го проверите после 20-25 минути.