Домашни грахам крекери

Сигурно многупати сте налетале на рецепти за вкусни десерти во кои се барале грахам крекери, па сте се откажале затоа што или не сте можеле да ги најдете или не сте знаеле што е тоа. Обидете се да ги направите сами.

0
104

Грахам крекерите се чајни кекси со неодолива арома на мед и ванила и воопшто не се комплицирани. Следете ги деталните упатства на сајтот Smitten kitchen и нема шанса да згрешите.

Грахам крекери

Потребни состојки:

Шолја браон шеќер
2 ½ чаши брашно плус две лажици
¾ лажичка сол
7 лажици замрзнат и на коцки исечкан путер
2 лажици екстракт од ванила
Лажичка прашок за пециво
5 лажици млеко
1/3 шолја мед
3 лажици обичен шеќер
Цимет

Приготвување:

Измешајте ги брашното, кафеавиот шеќер, прашокот за пециво и солта, додадете путер и истријте сè со рацете додека не добиете трошки (исто така можете да измешате се во блендерот за тесто). Во мал сад измешајте ги медот, млекото и екстрактот од ванила, додадете го брашното и мешајте додека не добиете мазно тесто. Тестото ќе изгледа прилично меко и лепливо, но такво треба да биде.
Потоа поделете го тестото на неколку делови и завиткајте го во пластична фолија попрскана со малку брашно и оставете го во фрижидер преку ноќ, или најмалку два часа.
Расукајте го тестото на набрашнета површина (прилично тенко) и исечете ги крекерите во посакуваната форма. Наредете ги крекерите на плех за печење, посипете ги со мешавина од шеќер и цимет и оставете ги во фрижидер да се ладат околу половина час.

Печете 15-20 минути на 160С додека не добијат убава боја.

Фото: Pixabay