Домашни кекси готови додека кажете – кекс

Ако не ви се погодил путерот од кикирики или е на подолг период тсутен од дома најголемиот консумент на истиот, нема друго, мора да направите кекси. Нека биде тоа една поздрава варијанта со мед, наместо со шеќер

0
297

Состојки:

200 г путер од кикирики

120 г обичен путер

2 јајца

150 г мед

350 г брашно (150 г бело и 200 г пченкарно)

1 прашок за пециво

По желбам мали чоколадни дискови (60% црно чоколадо)

прстофат сол

Приготвување:

Изматете ги двата вида путер со медот, а потоа додадете ги јајцата, матете, па постепено почнете да додавате од брашното во кое ќе го помешате и пецивото и прстофат сол. Продолжете да мешате со рака додавајќи од брашното по потреба додека не престане да се лепи.

Обликувајте од смесата мали топчиња во форма на орев и сплескајте го секое со лажица или, ако сакате да имате шара, тогаш со помош на вилушка.

Печете ги околу 15 минути на 170 степени и внимавајте да не ви изгорат.

По желба, кога ќе ги извадите, втиснете во секое по некој чоколаден диск. (претходно ставете ги дисковите во фрижидер и кога ќе ги притиснете во топлите кекси, нема да се растопат.

Оставете ги да се оладат, сместете ги во кутија со капак и уживајте во нивниот вкус неколку денови, па и цела недела, ако не ги изедете побрзо.

Од оваа смеса излегуваат триесетина.