Домашни лепчиња со чиа семе

Супер популарното чиа семе можете да го ставите каде било, па зошто да не, и во малите лепчиња кои можете да ги замесите денес, за да ви бидат готови за утрешниот појадок

0
217

Поради тоа што ова тесто се остава да стасува преку ноќ, лепчињата се лесно сварливи. Ако сакате можете да ги испечете и во калапи за мафини.

Состојки:

400 г брашно (можете да ставите на пример, р’жано брашно)

50 г оризово брашно

350 мл вода на собна температура

½ лажичка сув квасец

2 лажички сол

Неколку лажици чиа семе

Приготвување:

Помешајте ги брашната, квасецот и водата со дрвена лажица (додека смесата не се изедначи) па додадете сол и повторно сѐ добро измешајте. Смесата ќе биде многу леплива. Оставете ја во сад покриен со крпа да стасува преку ноќ (отприлика 10 – 14 часа) – тестото треба да биде тројно поголемо и да се појават мали меурчиња. Кога ќе стаса тестото е прилично лепливо и влажно па земајте со лажица и ставајте врз хартија за печење или во калапи за мафини. Поросете врз тестото чиа семе и оставете да стасува уште еден час.

Загрејте ја рерната на 220 степени и печете го 10 минути на оваа температура, а потоа намалете на 200 и печете уште 10-15 минути, додека не добијат убава златна боја. Печените лепчиња извадете ги од рерна и оставете ги да се оладат.

Фото: Pexels